Судот го отфрли барањето на Трамп да се одложи судењето по обвиненијата за измама
Апелацискиот суд во Њујорк го одби барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се одложи судењето по обвинението, во кое се тврди дека давал лажни информации за вредноста на својот имот.
Укинат е и налогот ма еден од судиите, Дејвид Фридман, донесен на 14 септември, да не се објави почеток на рочиштето, додека се разгледува барањето за одложување поднесено од поранешниот претседател, јави Гласот на Америка.
Почетокот на тоа судење е закажан за 2 октомври.
Судскиот совет ја донесе одлуката два дена откако судијата Артур Енгорон презентираше дека Трамп и неговата семејна фирма наводно ја прецениле вредноста на имотот, со цел да им се дадат подобри услови за кредит и осигурување.
Почнувајќи од септември 2022 година, поранешниот претседател, неговите синови, организацијата и други субјекти се под обвинение на државната обвинителка Летиша Џејмс.
Во меѓувреме, адвокатот на Трамп, Стивен Седоу, рече дека неговиот клиент нема да бара случајот за наводно мешање во изборите што се води против него против него во Атланта да се префрли на федералниот суд.
– Оваа одлука се заснова на основаното верување дека овој чесен суд има намера целосно да го заштити уставното право на господинот Трамп на правично судење, рече Седу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…