Средба на високи претставници на САД и Кина во Вашингтон
Американскиот помошник државен секретар за Источна Азија и Пацифик Даниел Критенбринк се сретна со кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Веидонг во Вашингтон, објави Стејт департментот.
Како што се наведува, двајцата разговарале за регионални прашања, вклучувајќи ги Бурма, Северна Кореја и поморските прашања, при што Критенбринк ја истакнал важноста за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.
Американскиот помошник државен секретар исто така ја истакна важноста на слободен, отворен и просперитетен индо-пацифички регион.
Во соопштението на американското Министерство за надворешни работи се додава дека разговорот бил искрен, детален и конструктивен.
Средбата уследи по неодамнешниот состанок на државниот секретар Ентони Блинкен и кинескиот потпретседател Хан Женг во Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…