Шведската војска ќе помага против насилството на бандите
По најновите наводни судири меѓу криминалните банди во Шведска во кои загинаа три лица за помалку од 24 часа, премиерот Улф Кристерсон сака да побара помош од војската.
Во телевизиското обраќање во четвртокот, кое беше пренесувано во живо, шведскиот премиер Кристерсонизјави: „Шведска никогаш не доживеала нешто слично. Ниту една друга земја во Европа не доживеала вакво нешто“. Тој најави за денеска (петок) средба со началникот на националната полиција и главниот воен командант „за да испита како вооружените сили можат да ја поддржат полицијата во борбата против бандите“. „Ќе ги победиме бандите“, додаде тој.
Криминалот од бандите е огромен проблем во Шведска со години, но неодамна фаталните напади со оружје драстично се зголемија.
Бандите често регрутираат малолетници од имигрантските населби за да ги извршат нападите.
Во средата вечерта, нешто по 19 часот, во богато предградие на Стокхолм, млад човек беше застрелан во близина на спортски комплекс каде што во тоа време се одржувал тренинг со деца. Неколку часа подоцна, според полицијата, во друго предградие биле повредени две лица, од кои едното подоцна починало. Уапсени се тројца осомничени. Во четвртокот вечерта, 25-годишна жена загина во експлозија во предградие на Упсала.
Полициската претставничка Катарина Бовол им изјави на новинарите во Упсала: „Криминалот достигна невидено ниво. Ситуацијата во Упсала и остатокот од земјата е многу сериозна“.
Според евиденцијата на групното насилство која ја изврши шведската јавна телевизија СВТ, единаесет луѓе веќе се убиени овој септември – најголем месечен број на загинати во последните четири години. Минатата година, 60 луѓе беа убиени од огнено оружје во Шведска.
Десничарската влада на Кристерсон ја презеде функцијата минатата година, ветувајќи дека ќе заземе цврст став во однос на прогонот на криминални банди. Тој ја обвини претходната левичарска влада дека е одговорна за ситуацијата со нејзината „неодговорна миграциска политика и неуспешна интеграција.“ Но, ниту владата на Кристерсон сè уште не може да ја стави ситуацијата под контрола. Тој во четвртокот најави дека ќе го промени и кривичниот закон со што полицијата ќе има повеќе права, криминалците ќе треба да служат подолги затворски казни и сведоците да добијат поголема заштита. „Шведските закони не се дизајнирани да се справуваат со војни со банди и деца војници“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…