Објавено на:

(Видео) Њујорк под вода: Прогласена вонредна состојба

t

Големите поплави предизвикани од дождот кој паѓал без престан во текот на целата ноќ, во петокот ја погодија американската метропола Њујорк.

Гувернерката на Њујорк Кети Хочул објави дека во сојузната држава, во која во текот на минатата недела било во главно врнежливо, е прогласена вонредна состојба.

Поради обилните дождови, чиј интензитет е зголемен во текот на ноќта, сопрен е превозот со подземната железница на некои линии.

Многу системи на градската подземна железница, улици и автопати се поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гуардиа вчера бил затворен.

Њујоршката метрополитенска транспортна управа (MTA) објави дека пружањето на услуги на подземната железница е многу ограничено и дека услугите на некои станици би можеле да бидат сопрени.

„Ако морате да патувате, користете го јавниот превоз. Избегнувајте поплавени патишта. Ако живеете во подрум, бидете подготвени да се преселите на повисок кат“, рекол комесарот за управување со вонредни ситуации на Њујорк Зек Искол.

Метеоролозите прогнозираат дека врнежите ќе продолжат и денеска. Предупредување за поплави е издадено за некои делови на градското подрачје на Њујорк.

Предупредување за нагли поплави има во Менхетн, Бруклин и Квинс до 12:30 часот по локално време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…