Објавено на:

По нападот во Анкара, полицијата уапси курдски милитанти во Истанбул

t

Неколку часа откако курдските милитанти ја презедоа одговорноста за бомбашкиот напад врз турскиот полициски центар во Анкара, Турција соопшти дека уапсила неколку курдски милитанти во Истанбул, во текот на ноќта.

Во неделата наутро, двајца напаѓачи активираа бомба на влезот на владиниот комплекс во Анкара, убивајќи двајца и ранувајќи двајца полицајци, а одговорноста за нападот ја презеде забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека веднаш по тој напад биле извршени воздушни напади на турската воена авијација врз курдски цели во северен Ирак, при што биле уништени 20 цели – пештери/засолништа и складишта што ги користи ПКК во ирачките региони Метин, Хакурк, Кандил и Гара.

Во соопштението на турското Министерство за одбрана се вели дека многу од милитантите биле „неутрализирани“, термин што се користи за убиените.

Во последниве години, Турција ја засили воената акција против ПКК во северен Ирак, спроведувајќи операции за кои вели дека биле извршени во рамките на правото на самоодбрана според член 51 од Повелбата на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…