Објавено на:

Во Харков ќе биде изградено првото подземно училиште

t

Харков, вториот по големина украински град, ќе го гради првото целосно подземно училиште, со цел да ги заштити учениците од честите руски ракетни напади, најави градоначалникот на тој град, што воедно ќе биде и прв ваков објект во земјата.

„Таквото засолниште ќе им овозможи на илјадници деца во Харков да го продолжат своето безбедно образование „лице в лице“ дури и за време на ракетни закани“, објави градоначалникот на Харков Ихор Терехов на апликацијата Телеграм.

Новото училиште ќе ги исполни „најсовремените регулаторни барања во однос на заштитните структури“, тврди Терехов, од чии изјави не е јасно колкаво ќе биде училиштето и кога ќе се отвори.

Додека многу училишта во регионите во близина на фронтот беа принудени да одржуваат настава преку Интернет за време на војната досега, Харков организираше околу 60 посебни училници во станиците на метрото пред почетокот на учебната година, која започна на 1 септември, создавајќи простор за учење за повеќе од илјада деца. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресуда за двојното убиство на Вања и…

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…

Истрага против две лица за тешката сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…

Сиљаноски: Гости на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беа…

Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ…

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Мнозинството Американци се против војна со Иран

Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…