Ќе се одважи ли Судски совет да стави крај на политичката кариера на Беса Адеми ?
Како што истекуваше рокот од шест месеци за произнесување по иницијативата испратена до Врховниот суд со која што се бараше произнесување по аболициите дадени од Претседателот Ѓорге Иванов, така се зголемуваше паниката во таборот на СДСМ предводен од Зоран Заев, но и ВМРО ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски.

Истата слика која јавноста можеше да ја види пред секој термин во кој што се очекуваше одлука на Судот за човекови права во Стразбур, сега ја видовме во домашен аранжман. Една од разликите беше тоа што првиот човек на опозицијата смени страна и отиде чекор понатаму, па дури и им се закани на судиите во Врховен суд и со професионална и со кривична одговорност доколку одлучат исто како и нивните колеги од Врховниот суд на соседна Грција.
Втора и уште посуштинска разлика е тоа што во целокупнатаа политичка дебата околу аболициите се вклучи и самата претседателка на Врховниот суд Беса Адеми, која не го следеше примерот на нејзините професионални колеги од Стразбур, кои не излегуваа со никакви коментари околу предметот, гледајќи ја единствено неговата правна суштина.

После насоката на Стразбур да се исцрпат сите правни лекови од страна на домашните судови кои им стојат на апликантите што си ги побараа правата таму, Беса Адеми имаше избор или да постапи чесно и професионално и да закаже Општа седница на која што Врховниот суд ќе излезе со начелен став по однос на аболициите или да тера политика и да не дозволи највисокиот суд да се произнесе.
После одлуката на Врховниот суд на Грција, кој ја призна аболицијата и согласно праксата на Стразбур заклучи дека истата не може да биде повлечена, Адеми можеше да ги повика своите колеги да направат стручна анализа или да бега од одлуката и да ја пролонгира агонијата на оние кои бараат правда.

Наместо да покаже интегритет и да се соочи со правниот проблем, Беса Адеми одлучи да дава политички изјави, да говори за некакви притисоци и да ја дефокусира правната расправа за аболициите.
Правниците сметаат дека Врховниот суд треба да се произнесе за аболициите
Јасно е дека по целосното завршување на предметот „Транспортер“, судот во Стразбур ќе се произнесе по жалбата на поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски. Јасно е дека Стразбур ќе ја има предвид и сопствената претходна пракса, односно случајот Лекса против Словачка каде заклучува дека еднаш дадено помилување не може да биде повлечена. Очекувано е иста одлука да има и за останатите предмети, но прашање на време е кога ќе се случи тоа.
Од друга страна највиоскиот суд во земјава и неговата претседателка не се засегнати од срамот и можните штети по Македонија од одбивањето да се разгледа аболицита на Општа седница.
Видни правници не се согласуваат со игнорантскиот став на Беса Адеми која ја игнорира аболицијата и сите прашања кои произлегуваат од неа.
– Наместо претседателката на Врховниот суд да плаче по медиуми и амбасади дека некој им прави притисоци, нека седнат и нека ја изнесат правно својата доктрина за помилувањата како што тоа личи за еден врховен суд и на што ги задолжи судот во Стразбур! Не може само да се каже дека помилувањето немало правен основ и дека поради тоа како да не се случило. Тоа би водело во анархија, кој како ќе му фати умот ќе признава или не судски и други одлуки, коментираше професорот Гордан Калајџиев.

Калајџиев продолжува со констатацијата:
„Од судот се очекува за помилувањата да даде едно издржано правно становиште, што значи ум а не “храброст”. Храброста е за партизаните. Во Стразбур државава излезе со две соротивставени тези: првата е тезата дека помилувањата и не постојат зошто се наводно бесправни (тезата сега позајмена во Транспортер), а втората дека за разлика од Лекса се повлечени согласно закон (вторава теза се коси со првата). Моето (објавено) мислење беше дека државата може да се брани само ако докаже дека помилувањата не може да се дадат за масовно кршење на човековите права. Досега во меѓународното право ова се признава за тешки кршења на човековите права (вонсудски егзекуции, геноцид и тортура) значи за повреди со голем интензитет, а ние требаше да покажеме дека и масовните кршења се тешко кршење на човековите права.“
На неговите тези се надоврза и адвокатката Анита Бегова.

– За вакво битно прашање и практичарите и теоретичарите чекаме и заслужуваме една опсежна елаборација со правна доктрина од Врховен суд која секако без притисок треба да ја донесат судиите и многу поопсежна од три пасуси како што беше во Транспортер. Впрочем одлуката на судот во Стразбур беше тоа, домашните судови кои до тогаш не се произнеле да се произнесат… Ако не постоел член од закон по кој претседателот дал помилување (и тоа во случајов треба да се расчисти, аболиција ли е или помилување) кој надлежен тоа треба да го утврди и во каква постапка ? Ако е тоа Врховниот суд, нека го утврди и добро нека го елаборира… Да резимира., не навлегувајќи во тоа каков став имаат судиите, чекаме само една опсежна и квалитетна елаборација. Впрочем и само така врховните судии ако биле под притисок ќе докажат зошто не се калкулира и не се прави пазар со судски одлуки, коментираше Бегова.
Судскиот совет не смее веќе да прогледува низ прсти и да го урива угледот на судството
Веднаш по скандалозната изјава на првиот човек на македонското судство за притисоци, се вознемири и стручната општата јавност, а Судскиот совет ја повика Беса Адеми на денешната седница да објасни што се случува во нависокиот суд. Иако не е без искуство, спротивно на функцијата која носи, Адеми во петокот излезе со политичко интервју давајќи паушални изјави во однос на некакви притисоци со кои се соочувала. Адеми не кажа кој и ги вршел притисоците, не кажа на каков начин, не кажа што се барало од неа, ниту пак кажа дали сето тоа може да го докаже.
Уште поважно, Адеми не кажа зошто притисоците не ги пријавила во Јавното Обвинителство, туку ги споделила со медиум кој одлучил да објави политички инструирани и пристрасно интервју.

Впрочем Адеми не кажа ниту дали притисоците биле вршени лично кон неа или кон некој друг судија, а доколку е така зошто тој судија нема интегритет па самиот да пријави.
Со политичките излети на Адеми се нарушува веќе разнишаниот углед на судството. Доколку нејзините политички излети минат без казна или опомена, се создава ситуација било кој судија од Врховниот суд или кој било друг суд, наместо да суди, да излезе и да говори колку е под притисок и да креира уште поголема недоверба во судството.
Затоа Судскиот совет треба да се одважи и доколку утврди дека Адеми не поседува докази во поткрепа на нејзините тврдења, мора да преземе соодветни мерки и да изрече соодветни санкции. Доколку Адеми нема храборст да се носи со чувствителни предмети и тешки одлуки, тогаш треба да се размислуваи за нејзин наследник.
Адеми не е без црни дамки во кариерата
Професионалните ставови на Адеми се толку променливи што на моменти наликуваат на некои политички ставови на одредени политичари.
Пред нешто повеќе од еден месец Адеми се вмеша во ингеренциите на извршната власт, префрлајќи дека таа не била консултирана за измената во висината на казните за одредени дела, иако тоа не е надлежност на судската власт.
„Неспорно е дека добро е да се слушне мислењето на стручната и на судската заедница и фела, поаѓајќи од една од целите на судството, а тоа е обезбедување правна сигурност врз основа на владеење на правото. Воедно, една од законските надлежности на Врховниот суд е да дава мислења по предлози на закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работата на судовите“, децидна е Адеми.
Со тоа што не биле доставени измените до нив, Адеми смета дека е оневозможено на општа седница да бидат разгледани и да се достави мислење за нив. Со тоа, на некој начин, е „заобиколен“ Врховниот суд и неговото мислење.
Два месеци подоцна, за прашање кое е исклучиво судска надлежност, Адеми смета дека нема потреба да закажува општа седница за Врховниот суд да се произнесе по аболициите. Претседателката на Врховниот суд со потценување се однесуваше кон јавноста и кога беше покренато прашањето за нејзин судир на интереси при изборот во Управниот одбор на Академијата за судии и Јавни обвинители. Имено Адеми требаше да одлучува при именувањето на нов директор на академијата, а таму се обучуваше нејзината снаа. Односите свекрва – снаа Адеми не ги коментираше.

Црна дамка и многу нејаснотии останаа и после непријавувањето на имотот на Адеми во ДКСК во законски предвидениот рок. Дали Адеми имала нешто да крие и што сакала да сокрие јавноста не дозна, а тешко е да се претпостави дека како Врховен судија не си ги знаела обврските кои ги има. Според пишувањата на медиумите, Адеми си платила за прекршокот и скандалот со тоа беше затворен.
Инаку од нејзиниот анкетен лист може да се заклучи дека Адеми е меѓу побогатите судии со прилично голем имот. Два стана од 350 квадрати во Скопје, викендичка во Љуботен, стан во Албанија е само дел од богатството наа Адеми. Таа ја наведува во анкетниот лист и фирмата на нејзиниот сопруг, но без да се образложи зошто, таа не посочува никакви детали со каков капитал располага фирмата и со што се занимава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…