Адвокатот Додевски со лекција по право – коментирате а ниту еднаш не сте биле во судница

t

Измените во членот 353 од Кривичниот законик не водат кон неказнивост, истакна во гостување во емисијата Трилиг адвокатот Никола Додевски кој посочи дека се потребни измени на кривичниот закон по примерот на гермнаското или австриското законодавство.

– Нема да се сложам дека измените во членот за злоупотреба на службената положба и овластување водат кон неказнивост. Моето лично мислење е дека за кривичното дело, одлично е што се тргна во доработка, но не доволно. Зошто? Затоа штоова кривично дело е всушност празно, бланкетно дело во кое немате битие, нема опис на дејствието според кое треба да го казните тој што е обвинет за ова кривично дело.

Како што вели Додевски како пример може да се земе германскиот закон каде она што кај нас е член 353, таму е цела глава на детално разработени кривични дела, со точно определено дејствие и сторител.

– Ваква ситуација нема да сретнете во германското законодавство.

Таму злоупотреба на службена положба е наслов на една глава на кривични дела кои понатаму детално образлагаат одредени криминогени или криминални дејствија на службените лица. И дури, не само генерален назив, туку поединечно се наведени. Ќе сретнете на пример, судијата, арбитраторот, членот на Европскиот суд за човекови права… Тоа е напишано во кривичните дела, тоа треба да се направи, не да се зборува дека ние водиме кон неказнивост со тоа што законондавецот ја исполнил својата улога и сменил еден закон. Тоа е негово право.

Членот е сменет во позитивна насока, под итно ваквото бланкетно кривично дело треба целосно да се избрише од Кривичниот законик и да остане како во австрискиот, германскиот закон, како наслов на цела глава на кривични дела со кои нема да се создаде неказнивост, туку владеење на правото и правна сигурност бидејќи ќе се знае точно кое службено лице за кое дејствие одговара.

Со вакво бланкетно дело вие оставате на имагинацијата на тој што го пишува обвинението и на неговата креативност што се може да напише, вели Додовски.

Според него измените на КЗ не се упад во судскиот систем.

– Јас не можам да се изначудам на коментарите на судската фела дека тоа било упад во судскиот систем. Како тоа упад? Тоа се посебни власти, како што тие велат извршната и законодавната власт не може да се мепа во судската власт, кое е правото на судот или на Судскиот совет да излезе со став дека донесување на ваков закон е упад во судскиот систем.

Роковите, казните во европските држави кои ги споменувам, роковите за застареност се помали од ова што сега со измените го има во КЗ. Во германскиот закон има помала казна за злоупотреба на службена положба од онаа што ние сега ја имаме. Па на што личеше 40 години рок на застарување за злоупотреба на службена положба и овластување, а тоа во европските држави е од 3 до 5 години како сега нашата казна.

Непотребно се даваат изјави дека ова води кон неказнивост, не ова води кон правна сигурност, објасни Додевски.

Поранешниот судија истакна дека судијата ја има клучната, односно централната улога во процесот и дека доколку тој се постави од почеток правилно, никој нема да може да му влијае. Како пример ги даде Соединетите Американски Држави каде адвокатите прават ранг-листа на судии и судиите се исклучително посветени да бидат што повисоко на таа листа.

– Велите претседателката на Врховниот суд изјавила дека некој ѝ врши политички приситок. Морам да оценам дека ако таква изјава е дадена од Претседател на Врховен суд, тоа и те како кредибилна и позитивна изјава ако некој тоа навистина има храброст да го каже и докажува дека ја заслужува позицијата.

Но, таа дискусија се отвори околу помилувањето на овие клинети што вие предмалку ги посмнавте, дадено од претседателот на Република Македонија во свое време, кое не беше респектирано од органите, не беше применето без оглед на ставовите. Стразбур го кажа последниот збор и му даде обрска на македонскиот суд да каже дали тие помилувања важат или не важат. Зборот на Стразбур треба да биде премиса, свет збор, да ја анализираат нашите судови пресудата дел по дел, збор по збор, и да дадат издржано образложение дали таа пресуда е применлива. Ако сметаат дека не е, треба да дадат сериозни причини зошто не е применлива. Не можете вие во една реченица да кажете дека не е апликативно, ако не е апликативно имате пресуди кои можат да служат како лекција за секој правник, но не можете да одговорите со една реченица. Ќе се помачите, епа ќе напишете 30 страници за да ви верувам дека не е апликативно, вели Додовски кој кажа дека за помилувањата тоа не се случило.

Според него несфатливо е како наместо обвинители, измените на Кривичниот законик ги критикуваат бранители, кои во прв ред треба да бидат бранители, без разлика што не се ангажирани во конкретниот случај кој го коментираат.

– Имате изјави на бранители како да се обвинители. Тие треба да бранат некој, а ги критикуваат измените на КЗ. Има, хипотетички, суд изрекол казна затвор од 18 години, потоа се преиначува на 10 години и имате бура во јавноста дека не требало да се намали казната, требало да остане во затвор. Знаете ли вие што се десет години? Цела младост, цел живот… Поенатата не е да се наполнат затворите со сторители кои првпат се сретнуваат, туку да се ресоцијализираат сторителите, вели Додевски.

Според него не може со радикална конфискација на имот да се покрива непсособноста на државата и органите тоа да го превенираат.

– Не може товарот за неспособноста на државата да превенира нелегално стекнување на имот да го префрлите на друг со радикална конфискација. Тоа треба да се спречи, а ако се докаже дека имотот е нелегално стекнат, секако дека треба да се конфискува. Еве некој ќе ве повика пред 20 години да кажете како сте ја стекнале колата, како ќе ги најдете документите? Поготово со ваков систем каде нема ни дигитализација, ништо нема да можете да најдете и докажете. Тоа е во ред во високо дигиталиизираните држави, но не во нашиот систем кој е далеку од зрелоста да таков закон донесеме и кажеме дека ќе конфискувате се што е нелегално стекнато, вели Додевски.

Според него во Македонија секако има политички монтирани случаи, што може да се забележи со директно следење на судењата, иако не сакаше да именува конкретни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Поранешниот претседател на Уставниот суд, Мурати: Ветингот…

Ветингот треба да почне од политичарите, не…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…