Ким Џонг Ун предупреди на нуклеарен напад доколку земјата биде испровоцирана со нуклеарно оружје
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, изјави дека официјален Пјонгјанг нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад доколку биде испровоциран од непријател со нуклеарно оружје.
Тој, според државната новинска агенција, ова го изјавил на состанокот со војниците на военото ракетно биро во врска со неодамнешната вежба за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, велејќи оти Северна Кореја нема да се двоуми „да нападне нуклеарно кога непријателот ќе испровоцира со нуклеарни бомби“.
Северна Кореја во понеделникот ја тестираше својата најнова интерконтинентална балистичка ракета за, како што беше соопштено, да ја процени воената подготвеност на нејзините нуклеарни сили против растечкото непријателство од САД, што, пак, наиде на осуда од Соединетите Држави и нивните сојузници.
Севернокорејскиот лидер рече дека лансирањето во понеделникот ја покажало високата мобилност и способност за брз напад на војската и повика на напори за дополнително зајакнување на нејзината борбена ефикасност.
Во посебна изјава, сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, го осуди Советот за безбедност на ОН за одржување состанок во врска со лансирањето на ракетата, велејќи дека тоа е остварување на правото на земјата на самоодбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Локид Мартин повторно го одложи снабдувањето на…
Претставници на „Локид Мартин“ го известија Министерството…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
ТРАМП ДЕЛИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги собра на…