Објавено на:

Aмерика тврди „сериозни преговори се водат за примирје“ – Хамас и Израел воздржани

t

ПочетнаВестиAмерика тврди „сериозни преговори се водат за примирје“ – Хамас и Израел воздржани
ВестиСветТоп вести
Aмерика тврди „сериозни преговори се водат за примирје“ – Хамас и Израел воздржани
21.12.2023 12:50

Се водат ли сериозни преговори за ново примирје во Газа и ослободување на повеќе израелски заложници? САД тврдат дека разговорите се во тек во Каиро со посредство на Катар и Египет, но додека уверува дека примирјето е блиску, Вашингтон не се согласува со нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара хуманитарен прекин на војната во Газа. Па така, без Америка на маса, по третпат е одложено гласањето.

Изгледите за можното примирје кое беше најавено и вчера остануваат неизвесни откако лидерот на Хамас наводно ја отфрлил идејата.

Секој кој мисли дека изрел наскоро ќе ја запре војната со Хамас е надвор од реалноста, се огласи и израелскиот премиер Нетанјаху, кој им понуди на хамасовите милитанти две опции.

Го напаѓаме Хамас со пеколен оган. Секаде, вклучително и денес. Ги напаѓаме и нивните помошници од блиску и од далеку. Сите терористи на Хамас, од првиот до последниот, се мртви луѓе. Имаат само две опции: да се предадат или да умрат- Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Израелската војска и натаму е во поход да ја открие мрежата од тунели на Хамас под градот Газа. Пронајдени се командните позиции, соби за состаноци и скривалишта за највисоките лидери на Хамас. Тунелните соби се 20 метри под земја, поврзани со лифтови, скали, одвоени шахти за вода и електрична енергија.

Министерството за здравство под контрола на Хамас соопшти дека над 20 000 луѓе се убиени во енклавата од почетокот на конфликтот. Околу 300 Палестинци умираат секој ден во просек, со исклучок на седумдневниот прекин на огнот. Оние кои преживуваат немаат ниту храна ниту лекови. Болниците на северот од Газа не функционираат. СЗО вели дека се претворени во руини каде луѓето „чекаат да умрат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…