Фицо: Поради закана од трета светска војна, Словачка ќе стави вето на влезот на Украина во НАТО
Премиерот на Словачка Роберт Фицо во интервју за „ИнфоВојна“ се изјасни против потенцијалното членство на Украина во НАТО и вети дека ќе го опструира тоа, сугерирајќи дека влезот на Украина во Северноатлантската алијанса ќе доведе до почеток на трета светска војна.
Словачкиот премиер изрази намера да го искористи правото на вето против ваквата одлука се додека, како што рече, „имам можност да влијаам на словачката политичка сцена“.
„Не е изненадувачки што партијата што го сочинува мнозинството во словачката влада не се согласува со членството на Украина во НАТО, бидејќи тоа би бил почеток на трета светска војна“, рече тој, додавајќи дека верува оти „тоа никогаш нема да се случи“.
Фицо напоменал дека својот став за приемот на Украина во НАТО блокот го пренел на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Запленети околу 300 килограми марихуана од…
Во голема меѓународна полициска акција, која во…
76-годишник со остар предмет се заканувал на…
76-годишник со остар предмет се заканувал на…
Хорор во Тетово: Бебе паднало на асвалт,…
СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42)…
Скопјанец бил измамен за 7000 евра, па…
На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници…
Кисела Вода повторно ќе прска против комарци…
Откако пред два дена Министерството за здравство…