Објавено на:

Koга тогаш… Украинскиот министер за одбрана најави враќање на Крим во 2024

t

Украина ќе може да го врати Крим припоен од Русија во 2024 година. Ова го изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за германски „Билд“.

„Јас сум 100 отсто сигурен. Ова е нашата стратешка цел – да се вратиме на меѓународно признатите граници. Ние сме во состојба да го направиме тоа со поддршка од нашите партнери. Нема сомнеж дека ќе победиме. … Ние не ја започнавме оваа војна, но ќе ја завршиме. Секако, тоа ќе биде тешко без опрема за електронско војување, без беспилотни летала, без артилерија, без гранати. Тешко е, но нема да се предадеме. Ќе продолжиме да се бориме“, вети Умеров.

Тој потсети дека е роден во Централна Азија во семејство на кримски Татари кои ги депортираа советските власти. Според него, Русија е „на темната страна на историјата“. „И што е уште поважно: режимот на Путин е осуден од целиот цивилизиран свет“, заклучи Умеров.

Актуелниот министер за одбрана на Украина беше назначен на својата функција во септември по корупциски скандал во ресорот. Умеров нема воено искуство; тој е економист, бизнисмен и социјален активист, чии многу проекти беа поврзани со Крим. Во летото 2021 година, Умеров беше избран за копретседател на здружението Кримска платформа. Откако започна руската инвазија на Украина, Умеров учествуваше и во мировните преговори со Москва.

Оваа година Крим стана една од главните цели за далечински напади на украинските вооружени сили. Како резултат на употребата на ракети, воздушни и морски беспилотни летала, особено, уништено е седиштето на Црноморската флота во Севастопол, брод за истоварување и подморница, а беа уништени и неколку фрлачи на противвоздушни ракетни системи С-400.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…

Секој кој има докази за делот од…

„Ние сме мала држава, но се однесуваме…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…

Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…

Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…

Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…

Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…