Објавено на:

Европа во шок по масакрот на универзитетот во Прага – најмалку 14 убиени и 25 ранети

t

Напаѓачот бил чешкиот државјанин, Давид Козак, кој претходно го убил својот татко и се упатил кон Карловиот универзитет, и од четвртиот кат на зградата пукал кон студентите и случајните минувачи.

Мотивот за убиствата не е познат, а што пристигнала полицијата, убиецот се самоубил.

Чешкото население, но и туристите се уште се во неверување од незамисливата трагедија.

-Дознавме дека тоа се случува на филозофскиот оддел. Се обидов да ја добијам мојата ќерка, но таа не одговараше на моите повици. Потоа комунициравме преку смс пораки. Ја замолив да остане на подот и да не оди во близина на прозорците и да ја чека полицијата,- изјави, Арон Гуенсбергер – татко на студент.

-Видов како луѓе трчаат и врискаат. Се прашував дали ова е можно. Гледаш вести и мислиш дека никогаш не би се нашол во таква ситуација. Слушнавме пукање повеќепати, па полициски сирени. Сфативме дека мора да си одиме оттука,- Џо Хијланд, британски турист.

По масновното убиство, чешката полиција презеде мерки на претпазливост за училиштата во таа земја, а чешката влада утрешниот ден, 23 декември го прогласи за ден на жалост.

Инаку, студентот кој ги изврши убиствата, бил одличен студент и добил награда од Полскиот институт во Прага за неговата теза за револуционерните настани од 1846 година во Краков и други области кои сега се дел од Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…