Објавено на:

Кинеските власти воведуваат ограничувања за онлајн игрите

t

Кинеските власти денеска објавија дека имаат намера да воведат ограничувања за онлајн игрите.

Планот е тоа да се направи за да се намали купувањето на овие игри во апликации преку микротрансакции, а друга цел е борба против зависноста од оваа појава.

Таа објава на кинеските власти веднаш предизвика пад на берзата на кинеските технолошки гиганти активни во тој сектор. Tencent падна за повеќе од десет отсто во Хонг Конг, а неговиот конкурент Netease загуби дури повеќе од 20 отсто од акциите на берзата.

Кинеската влада почна да го сузбива секторот за видео игри во 2021 година, како дел од општо заострување на регулативите против технолошките гиганти во земјата.

Пекинг особено, воведе строги ограничувања за времето што децата можат да го поминат играјќи онлајн и ги замрзна лиценците за маркетинг за нови игри со месеци.
Во последно време, сепак, секторот се надева дека Пекинг ќе биде поблаг кон него.

Новите мерки вклучуваат планови за ограничување на купувањата на играчите и отстранување на функциите што овозможуваат зголемено време за играње, често понудени како награда за редовните корисници.

Обезбедени се и „pop-up“ пораки кои ги предупредуваат играчите дека се однесуваат „ирационално“.

Новите мерки ја повторуваат претходната забрана за содржини на онлајн игри кои „го загрозуваат националното единство“ и „националната безбедност“ или што го „повредуваат националниот углед и интереси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…