Објавено на:

НИКОГАШ ПОСИЛЕН РАКЕТЕН УДАР НА УКРАИНА! Се огласи Залужњи

t

Командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, објави дека според прелиминарните податоци, Русија извршила моќен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта и наутро, користејќи 158 проектили и беспилотни летала.

И покрај бруталниот напад, украинските сили за воздушна одбрана успешно пресретнаа 87 проектили и 27 беспилотни летала од типот Шахед, пренесува Интерфакс Украина.

Залужњи детално го опиша текот на нападот, нагласувајќи дека руските сили прво користеле беспилотни летала од типот „Шахед“ од северниот и југоисточниот правец, а потоа следувале интензивни напади од западниот правец.

Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, изрази загриженост преку својот канал Телеграм, истакнувајќи дека ова е најмасовниот воздушен напад од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, како што објави Асошиејтед прес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…