Објавено на:

Русите се одмаздуваат за Белгород- го нападнаа Харков

t

Русија синоќа и утринава изврши жестоки напади врз Харков во, како што рекоа, „знак за одмазда за нападот на Белгород“, во кој загинаа 24 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Русите тврдат дека извршиле ракетни напади врз поранешниот хотел „Харков Палас“, каде, како што тврдат Русите, биле сместени највисоките функционери на Главната управа за разузнавање. Русите тврдат дека во хотелот престојувале околу 200 странски платеници.

„Извршивме директен ракетен напад врз поранешниот хотел „Харков Палас“ и уништивме членови на главната разузнавачка управа и украински војници кои директно беа вклучени во планирањето и извршувањето на терористичкиот напад на Белгород“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украинците тврдат дека нападите на Харков биле извршени и со беспилотни летала камикази во текот на ноќта на 31 декември. Оттаму посочуваат дека во градот се регистрирани четири удари, а оштетени се и цивилни објекти, меѓу кои и станбени згради, кафулиња и деловни простории.

„Тие не гаѓаа воени цели, туку кафулиња, станбени и деловни згради. Русите во пресрет на новата година сакаа да го исплашат нашиот град, но ние не се плашиме, ние сме непобедливи“, рече градоначалникот на Харков, Игор Тереков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: Авганистан е единствената земја што забранува…

Пет години откако Талибанците ја презедоа власта…

И денеска многу топло време, од утре…

Сончево и многу топло време со мала…

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…