Нетанјаху: Војната е на врвот, Израел ќе ја преземе контролата врз границата на Газа со Египет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел повторно ќе ја преземе контролата врз границата на Појасот Газа со Египет, со цел да биде проширена мисијата за „неутрализирање“ на палестинската милитантна група Хамас.
Нетанјаху изјави дека „војната е на врвот“ и дека тампон зоната на коридорот, која се протега долж границата на Газа со Египет, „мора да биде во рацете на Израел“, пренесува „Гардијан“.
Tој додаде дека војната меѓу Израел и Хамас ќе продолжи уште „многу месеци“.
„Војната ќе продолжи се додека Хамас не биде елиминиран и заложниците не бидат ослободени. Гарантираме дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: Авганистан е единствената земја што забранува…
Пет години откако Талибанците ја презедоа власта…
И денеска многу топло време, од утре…
Сончево и многу топло време со мала…
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…