Расте бројот на жртви во Белгород- Русите тврдат дека се уништени 30 згради
„За наша жал, бројот на жртви се зголеми на 22. Една од жртвите почина ноќта во болница“, рече Гладков.
Тој рече дека од 109 повредени, 25 се во тешка состојба.
„Уништени се 30 станбени згради, повеќе од 380 станови и неколку приватни куќи, како и бројни автомобили“, рече Гладков.
Да потсетиме, Русија вчера ја обвини Украина дека го гаѓала центарот на овој пограничен град.
Нападот се случи еден ден по руските напади врз Украина во кои загинаа најмалку 40 цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер кој туркал тротинет заврши со повреди,…
Тинејџер од Скопје тешко повреден откако вчера попладне…
Пукал со автоматска пушка, избегал со мопед,…
Полицијата го расчистува пукањето што се случи…
Сиљановска до младите: Земете ја сегашноста во…
Младите активно да бидат вклучени во процесите…
Средба на Муцунски со вршителката на должноста…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Струмичките земјоделци успешни со протестите – 30…
Постигнат е договор за пиперката – куртовска…