Објавено на:

Од денес РУСИЈА ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ БРИКС, им се приклучија пет нови држави

t

„Од 1 јануари Русија го презеде претседавањето со БРИКС, организација која согласно одлуката на XV самитот од август минатата година, во моментов вклучува 10 земји.

Новите полноправни членки на БРИКС се Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија. Ова говори за зголемениот авторитет на здружението и нејзината улога во светските работи“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, БРИКС привлекува се повеќе поддржувачи и истомисленици – земји кои ги споделуваат основните принципи на кои се засноваат неговите активности.

„Тоа се суверена еднаквост, почитување на изборот на сопствениот развојен пат, взаемно почитување на интересите, транспарентност, консензус, стремеж кон формирање мултиполарен светски поредок и праведен модел на глобалниот финансиски и трговски систем, потрагата по колективни решенија за актуелните проблеми“, истакна рускиот лидер.

Во 2006 година, Русија и Кина иницираа создавање нова економско развојна институција незадоволни од функционирањето на Светската банка, ММФ и други сродни институии за кои сметаа дека се во служба на богатите држави од ЕУ и на САД, а исрпувачки за останатиот дел од светот кој, според нив, е под контрола на спомнатите и тоа, само по себе, доведе до формирање на групацијата БРИКС, инкорпорирана во надворешната политика на Бразил, Русија, Индија и Кина.

Во 2011 година, по повод Третиот самит, Јужна Африка стана дел од групата, која го усвои акронимот БРИКС.

На претходниот самит одржан во Јужна Африка во 2023-та над 40 земји, вклучувајќи ги Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Алжир, Боливија, Индонезија, Египет, Етиопија, Куба, Демократска Република Конго, Коморите, Габон, Казахстан… изразија интерес да се приклучат на форумот н кој претседавач беше Јужна Африка.

Се очекува веќе годнава или во почетокот на наредната година во БРИКС да пристапат како полноправни членки уште пет нови држави.

БРИКС стана најголема, според бројот на жители најмасовна но, и најбогата асоцијација во светот, побогата и од досега најмоќната финансиска асоцијација на најбогатите седум држави во светот – Г7 (САД, Канада, Франција, Германија Италија, Јапонија, Велика Британија.)

Aгрегатниот бруто национален приход (БНИ) на БРИКС, приспособен за компаративна куповна моќ, епоголем од оној на Г7 – 42,4 трилиони долари (БРИКС) во споредба со 42,1 трилиони долари (Г7).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според…

Над еден милион патници влегле во Грција…

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица…

Вработен во Итна помош со остар предмет…

Вработен во Итната медицинска помош агресивно се…

ЦУК: Активни три пожари во Македонија

Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно…