Планирале на дочекот во Германија да влетаат со автомобил полн со експлозив, тројцата се уапсен
Апсењата доаѓаат само неколку дена откако 30-годишен Таџикистанец беше приведен во врска со наводниот заговор на исламските екстремисти за напад на светски познатата катедрала.
Осомничените биле приведени во западните градови Дуизбург, Херне и Дирен во покраината Северна Рајна Вестфалија, а биле претресени и нивните станови таму. Не се соопштуваат детали за нивниот идентитет. Според началникот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, сите приведени осомничени – вклучително и еден Таџикистанец кој беше уапсен минатата недела – наводно припаѓаат на поширока мрежа, која вклучува луѓе низ Германија и други европски земји.
Локалните медиуми пишуваат дека нападот требало да биде извршен со автомобил наполнет со експлозив. Полицијата во Келн на денешната прес-конференција соопшти дека била претресена подземната гаража на катедралата и дека биле ангажирани кучиња за откривање експлозив – но ништо не било пронајдено.
Од рано наутро се проверувал и влезот и излезот од подземната гаража за потенцијално сомнителни активности. Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул последните притворања ги нарекол „успешни“. „Исламските екстремисти отсекогаш биле активни, но во моментов тие се поактивни од вообичаено, а католичката катедрала беше нивна главна цел“, рече Реул, според германската новинска агенција DPA.
„Полицијата секогаш се труди да биде неколку чекори понапред“, додаде тој. Полицијата добила информација за планиран напад на катедралата во Келн непосредно пред Божиќ, а нападот требало да биде извршен на Нова година. Светски познатата градска катедрала веќе една недела е под високо обезбедување, пишува Асошиејтед прес.
Вообичаено во последната недела од годината катедралата ја посетуваат повеќе од 100.000 туристи. Изминативе денови, само на верниците им било дозволено да влезат на миса во зградата, но морале да им се направи темелна безбедносна проверка со кучиња трагачи. Околу илјада полицајци ноќеска дежураа околу соборните храмови додека граѓаните ја чекаа Новата година.
Реул, државниот министер за внатрешни работи, ги повика луѓето да слават и да не остануваат дома и покрај заканите од напади. „Исламистичкиот терор сè уште е закана на германските улици. Честопати сме го потиснувале. И кога и да се случи ваков настан, сите повторно сме многу наелектризирани“, рече тој, посочувајќи дека би било погрешно да се паничи.
„Велам: Славете! Однесувајте се нормално! Внимавајте – и уживајте во пречект на новата година“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…