Објавено на:

ВИДЕО: СЕ ЗАПАЛИ АВИОН НА ПИСТА ВО ТОКИО – Евакуирани се 367 патници и 12 членови на екипажот!

t

При слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион, јавуваат светските агенции.

Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе.

Се претпоставува дека запалениот авион можеби се судрил со авион на крајбрежната стража, објавија јапонски медиуми. Крајбрежната стража соопшти дека ги истражува наводите. Сѐ уште не е јасно што точно се случило.

Japan Airlines објави дека сите 367 патници и 12 членови на екипажот се евакуирани.

„Сите патници на летот се евакуирани. Околу 367 патници се наоѓале во авионот, со уште 12 членови на екипажот – што значи дека се евакуирани вкупно 379 лица“, соопштија од Japan Airlines.

„Ханеда“ е еден од најпрометните аеродроми во Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…