(Видео) Украина повторно удри на Белгодрод: Извршен нов напад соопшти гувернерот
Во украинскиот напад на Белгород, еден човек загина, а уште пет лица се повредени, изјави гувернерот на тој руски град Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
Според првичните податоци, едно лице загина – маж возел автомобил кога до него експлодирала граната. Починал на лице место од шрапнели – напишал гувернерот изразувајќи сочувство до семејството и пријателите на починатиот, пренесе РИА Новости.
Покрај тоа, четири лица се повредени во близина на пазарот, додаде Гладков.
Две лица, маж и жена, се здобиле со рани од шрапнели и се хоспитализирани.
Уште двајца мажи се хоспитализирани, рече тој, а една жена, која била погодена од шрапнел во раката додека била во автобусот, е префрлена во Ургентниот центар.
Според руското Министерство за одбрана, Белгород денеска бил два пати нападнат.
Околу 13 часот, украинските сили се обиделе да нападнат цели на руска територија, при што извршиле напад од повеќецевниот ракетен систем Вилха, а дежурните системи за противвоздушна одбрана уништиле пет проектили над регионот Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.
Првиот напад се случи околу пладне, кога системите за противвоздушна одбрана соборија четири проектили истрелани од Алдер, при што беше повредено едно лице.
Belgorod, 2 January 2024. Residents experiencing extension of the “SMO zone” into their city. pic.twitter.com/IAAdAN9tmb
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) January 2, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…
Полицијата во Велес го лишила од слобода…
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…