Кога почна рускиот напад, Полска подигна четири воени авиони Ф-16 и воздушен танкер
Полската војска објави дека денеска подигнале во воздух четири борбени авиони Ф-16 за да ја надгледуваат границата со Украина, по силното руско бомбардирање на соседната земја.
„За да се гарантира безбедноста на полскиот воздушен простор, активирани се два пара ловци Ф-16 и сојузнички воздушен танкер“, соопшти оперативната команда на полската армија.
Утрово руската војска изведе нова серија големи воздушни напади врз Украина, при што загинаа најмалку четворица цивили, а беа повредени повеќе од 90, главно во Киев и Харков. Полска, членка на НАТО, во петокот објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен од руска „крстосувачка ракета“ која летала над нејзина територија три минути, по што заминала за Украина.
Поради тоа полските цивилни и воени власти одржаа итни состаноци со претставниците на НАТО и полскиот систем за воздушна одбрана беше ставен во состојба на готовност. Сличен инцидент се случи и во ноември 2022 година, кога украински проектил падна врз полското село Пржеводов, во близина на границата со Украина, при што загинаа двајца цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…