Американскиот јавен долг достигна нов рекорд: надминати се 34 билиони долари
Американскиот државен долг за првпат во историјата надмина 34 билиони долари, покажуваат ажурираните податоци на министерството за финансии на САД, а пренесуваат агенциите.
Како што е наведено, вкупниот долг на американската влада во моментов изнесува 34,001 билиони долари.
Според мислењето на експертите, американската влада ќе мора да потроши и до третина од буџетските приходи само за сервисирање на огромниот јавен долг.
Претходниот рекорд на американскиот државен долг беше забележан кон средината на септември 2023, кога изнесуваше 33 билиони долари.
На официјалниот сајт на министерството за финансии на САД се наведува дека на 18 септември вкупниот износ на јавниот долг бил 33,04 билиони долари, што е и нов рекорд за американскиот национален долг, кој на 16 јуни изнесувал 32 билиони долари.
Во јануари беше надмината законската граница на американскиот долг, која изнесуваше 31,4 билиони долари. Како резултат на тоа министерството за финансии беше принудено да преземе итни мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мигрант се обиде да влезе во…
Млад мигрант од субсахарска Африка загинал во…
Вучиќ се закани дека ќе го смени…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Македонија повторно на грчката листата на држави…
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата,…
ЦУК: Под контрола пожарот кај Крива Паланка,…
Вкупно 26 пожари на отворен простор се…
(Видео) Пожртвуваноста на прилепските пожарникари спаси црква…
Три пожари на стрништа и сува трева…