ЕУ секоја година губи еден милион работоспособни луѓе
Комесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон, денеска изјави дека земјите-членки на ЕУ ќе мора да се соочат со тешки предизвици како што старее населението на континентот. При денешната посета на Грција, Јохансон рече дека „работното население во ЕУ се намалува за еден милион годишно, што значи дека легалната миграција треба да се зголемува за речиси еден милион годишно“.
Таа рече дека има итна потреба да се запре илегалната миграција и да се најдат полегитимни алтернативи. Европската комисија се обидува да ги промени правилата за миграција низ ЕУ пред крајот на нејзиниот мандат и изборите за Европскиот парламент во јуни, а прелиминарен договор беше постигнат минатиот месец. Според проекциите направени од агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат, уделот на населението постаро од 65 отсто ќе се зголеми од 21,1 отсто во 2022 година на 31,3 отсто до крајот на овој век.
Иако загриженоста за миграцијата ја зајакна поддршката за екстремно десничарските и анти-ЕУ партии во многу европски земји, Јохансон тврди дека „предизвикувањето ксенофобија и расизам“ е генерирано од илегалната миграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција…
Колку пари може да се заштедат ако…
Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат…
Тајфунот Делфин се очекува да го погоди…
(Видео) Мицкоски објави видео по повод 35…
Премиерот Христијан Мицкоски објави видео по повод…
Гужви на границите: На Богородица и Табановце…
Зголемена фреквенција на возила е забележана на…
Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива…
Вкупно девет пожари на отворен простор се…