Додик го одликуваше Орбан со највисок орден на Република Српска
Претседателот на унгарската Влада Виктор Орбан е одликуван со Орден на Република Српска, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Додик рече дека орденот ќе му биде врачен лично на Орбан во февруари.
Додик истакна дека му е чест што има можност да зборува за почесните луѓе по повод Денот на републиката, бидејќи тие тоа го заслужуваат поради нивното внимание кон Српска, а меѓу нив се и почесниот професор Ненад Кечмановиќ и српскиот академик Матија Беќковиќ.
Во Бања Лука во тек е доделувањето на наградите на заслужните личности и институции кои одиграа голема улога во создавањето и зачувувањето на Српска.
По врачувањето на наградите ќе се одржи седница на Сенатот, јавува РТРС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција…
Колку пари може да се заштедат ако…
Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат…
Тајфунот Делфин се очекува да го погоди…
(Видео) Мицкоски објави видео по повод 35…
Премиерот Христијан Мицкоски објави видео по повод…
Гужви на границите: На Богородица и Табановце…
Зголемена фреквенција на возила е забележана на…
Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива…
Вкупно девет пожари на отворен простор се…