Политико: Унгарија постави услов за деблокирање на пакетот финансиска помош за Украина
Унгарија сигнализираше дека може да го укине ветото на пакетот финансиска помош на Европската унија за Украина во вредност од 50 милијарди евра, доколку финансирањето се оценува и се гласа на годишно ниво, објави порталот „Политико“, цитиран од агенцијата Укринформ.
Будимпешта сигнализираше дека може да го укине ветото доколку Европскиот совет едногласно го одобри финансирањето на годишно ниво, изјавија тројца европски дипломати.
Политико наведува дека тоа ќе му даде на унгарскиот премиер Виктор Орбан можност да го блокира европското финансирање за Украина секоја година, како и да бара отстапки од Брисел во замена за укинување на ветото.
Порталот истакнува дека неколку европски дипломати и понатаму се скептични, додавајќи дека одлуката да се обезбеди помош на годишно ниво нема да обезбеди предвидливост на Украина.
-Седумгодишната буџетска рамка на ЕУ е повеќегодишна рамка и не може да се менува секоја година, рече еден од тројцата споменати европски дипломат.
Укрионформ најавува дека финансиската помош на ЕУ за Украина ќе биде разгледана на утрешниот состанок на постојаните претставници во Советот на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужви на границите: На Богородица и Табановце…
Зголемена фреквенција на возила е забележана на…
Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива…
Вкупно девет пожари на отворен простор се…
ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата од 5,7 падна на 2,3…
Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста…
Тела на хитлерови војници и возила излегоа…
Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано…
Постапка против едно лице за тешка сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка…