Повторно евакуација на Исланд, Вуканот повторно се разбуди: Илјадници треба да го напуштат градот и не им е дозволено да се вратат најмалку три недели
Исландскиот рибарски град Гриндавик на полуостровот Рејкјанес повторно ќе биде евакуиран поради обновената вулканска активност во областа, соопштија во саботата локалните власти.
Сите 4.000 жители се очекува да го напуштат Гриндавик до понеделник навечер, по што ќе им биде забрането да се вратат во градот во следните три недели, соопшти полицијата.
Областа во близина на активниот вулкан сè уште се смета за опасна по земјотресот во ноември, со зголемен ризик од вулкански ерупции, се вели во проценката на ризик од експерти за цивилна одбрана.
Непосредно пред Божиќ, во близина на Гриндавик, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик, се случи четвртата ерупција во последните три години. Градот веќе беше евакуиран поради серијата земјотреси во претходните недели кои предизвикаа голема штета, вклучително и длабоки пукнатини на улиците.
Исландските медиуми пред неколку дена објавија дека во една од тие пукнатини паднал работник. Потрагата по него во меѓувреме е прекината, а работникот не е пронајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…