Северна Кореја тврди дека тестирала подводен систем за нуклеарно оружје
Северна Кореја во петокот соопшти дека тестирала „подводен систем за нуклеарно оружје“ како одговор на заедничките поморски вежби на Вашингтон, Сеул и Токио, во кои е вклучен и американски носач на авиони на нуклеарен погон.
Вежбите „сериозно ја загрозија безбедноста“ на Северот, па како одговор, Пјонгјанг „изврши важен тест на својот подводен систем за нуклеарно оружје „Хаил-5-23“ кој се развива во Источното Корејско Море“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана го пренесе државната новинска агенција КЦНА, пренесува агенцијата Франс прес.
На почетокот на минатата година, Пјонгјанг објави дека извршил повеќе тестови на наводен подводен нуклеарен напад, варијанта на Хаил, што на корејски значи цунами, тврдејќи дека може да предизвика „радиоактивно цунами“.
Претходно оваа недела, Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и Јапонија спроведоа заеднички поморски вежби во водите во близина на јужниот остров Џеџу, за кои рекоа дека се одговор на севернокорејското лансирање хиперсонична ракета минатата недела.
На вежбите учествуваа девет воени бродови од три земји, меѓу кои и носачот на авиони УСС Карл Винсон.
Пјонгјанг во петокот објави дека вежбите „претставуваат причина за понатамошна дестабилизација на регионалната ситуација и претставуваат чин на сериозна закана за безбедноста“ на Северот, изјави портпаролот на тамошното Министерството за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 62 бели балони за загинатите во…
100 дена од најголемата трагедија во современа…
Внимавајте поради топлото време: Институтот за јавно…
МакедонијаОпасни горештини: Институтот за јавно здравје со…
МВР не демантира дека тендерот за возачки…
Демантот на Министерството за внатрешни работи не…
Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…
(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…
Нападите на американската војска врз три ирански…