„Нарко подморница“ со кокаин вреден 27 милиони долари запленета во Колумбија
Подморницата е долга 15 метри и била на пат кон Централна Америка кога Колумбијците ја пресретнале, пишува CBS.
Морнарицата објави видео од операцијата за заплена, на која се гледа како офицер ги сече пакетите и ја испитува нивната содржина. Судејќи според видеото, многу од пратките биле означени како скорпија, додека други со ознаки Winnie и Carnal.
Трите лица кои управувале со подморницата се уапсени, а осомничените и дрогата биле пренесени во пристанишниот град Буенавентура, Колумбија. Властите не објавија информации за осомничените.
#LoUltimo 🚨la @armadacolombia realizó interdicción de un semisumergible que transportaba 7️⃣9️⃣5️⃣ kilogramos de
clorhidrato de cocaína en el Pacífico centro.Este sería el primer artefacto ilegal incautado en el año ✅ pic.twitter.com/E63vJmL2DY
— Fuerza Naval del Pacífico (@FNP_ArmadaCol) January 21, 2024
Во подморницата имало десетици пакувања скриени во различни прегради на подморницата, а тестовите на крајот покажале дека има околу 795 килограми кокаин, со проценета вредност од околу 27 милиони долари.
„Нарко подморниците“ се популарни кај трговците со дрога бидејќи потенцијално можат да избегнат откривање од страна на крајбрежната стража или други власти. Овие пловила никогаш не одат целосно под вода и често ги фаќаат во колумбиските води на пат кон САД или Европа.
Минатата година Колумбијците пресретнаа 20 „нарко подморници“
Колумбиската морнарица соопшти дека пресретнала вкупно 20 полуподморници во 2023 година, што доведе до запленување на 30 тони кокаин и повеќе од пет тони марихуана.
Во мај 2023 година, најголемата „нарко подморница“ забележана во Колумбија беше пресретната со три тони кокаин. Околу два месеци пред тоа, официјални лица заплениле подморница со две мртви тела и огромен товар со дрога во близина на брегот на Колумбија.
Колумбиската морнарица соопшти дека „ќе продолжи да ги распоредува сите свои логистички и оперативни способности за да се спротивстави на шверцерите на дрога кои вршат злосторства во колумбискиот Пацифик“, пренесува CBS.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…