Објавено на:

Орбан му рекол на Столтенберг дека Унгарија го поддржува членството на Шведска во НАТО

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на X објави дека на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во телефонски разговор му рекол дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО.

„Потврдив дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО“, најави Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека му рекол на Столтенберг оти ќе продолжи да го повикува унгарскиот парламент да гласа за влез на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можна прилика.

Столтенберг по разговорот рече дека Орбан и неговата влада јасно го поддржуваат членството на Шведска во НАТО.

„Со нетрпение очекувам да се ратификува веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, објави Столтенберг на X.

Турскиот парламент во вторникот го одобри членството на Шведска во НАТО, оставајќи ја Унгарија како единствена членка која сè уште не го ратификувала приемот на Шведска во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР не демантира дека тендерот за возачки…

Демантот на Министерството за внатрешни работи не…

Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…

(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…

Нападите на американската војска врз три ирански…

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…