Објавено на:

Човекот кој го почна отпорот во Донбас: Критичар на Кремљ осуден на четири години затвор

t

Судот во Москва го осуди рускиот националист Игор Гиркин (познат како Стрелков) на четири години затвор под обвинение за јавно повикување на екстремистички активности.

Обвинителите минатата недела побараа речиси пет години затвор за поранешниот лидер на сепаратистите во источна Украина поддржани од Кремљ. Гиркин ги негираше обвинувањата.

Гиркин (53) беше уапсен во јули 2023 година, откако остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин во објави на интернет поради неговото справување со инвазијата врз Украина. Тој го обвини лидерот на Кремљ за „кукавичка просечност“ и го опиша како „ништо“.

Тој, исто така, го повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу за „грешки“ во инвазијата на Украина и ги обвини него и Путин за „неспособност“.

Минатата година Гиркин дури го повика Путин да ја пренесе власта на „некој навистина способен и одговорен“.

Поранешниот офицер на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Гиркин, исто така, се залагаше за целосна воена мобилизација за да се обезбеди руска победа во војната против Украина.

Гиркин беше клучен командант на сепаратистите поддржани од Русија во источниот регион на Украина, Донбас, во 2014 година и и помогна на Русија да го анектира украинскиот Крим таа година.

Тој се борел во Босна и Херцеговина во 1990-тите, како волонтер на страната на Армијата на Република Српска.

Во ноември 2022 година, холандскиот суд ги осуди Гиркин и уште двајца други обвинети на доживотен затвор во отсуство за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс „во 2014 година над Украина. Во несреќата тогаш загинаа сите 298 луѓе во авионот. Инаку Гиркин беше еден од луѓето кои го почнаа отпорот на руското малцинство во Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…