Објавено на:

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан доби 10 години затвор

t

Пакистански суд го осуди поранешниот премиер Имран Кан на 10 години затвор за оддавање државни тајни, соопштија претставници за медиумите на поранешниот премиер, што е втора пресуда против него за неколку месеци, донесена само десет дена пред изборите.

Случајот се однесува на сомневањата дека Кан споделил содржина на тајна дипломатска порака испратена од амбасадор во Вашингтон до владата во Исламабад. Партијата на Кан Пакистан Техрик-е-Инсаф (ПТИ) соопшти дека специјалниот суд ги осудил Кан и поранешниот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши и тоа секој по 10 години.

Се вели дека партијата ќе ја оспори одлуката, која ја нарече „лажен случај“. „Нема да ја прифатиме оваа незаконска одлука“, изјави адвокатот на Кан Наем Панџута на Икс. Тоа е втора пресуда против поранешниот премиер во последните неколку месеци.

Тој претходно беше осуден на три години за случај за корупција. На Кан му беше изгласана недоверба во парламентот во 2022 година, а поради пресудите нема можност да се натпреварува на избори.

Кан вели дека случајот со дипломатската телеграма е доказ за заговор на пакистанската војска и американската влада за соборување на неговата влада во 2022 година, откако тој ја посети Москва непосредно пред руската инвазија на Украина. Вашингтон и пакистанската војска ги отфрлаат обвинувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…