Објавено на:

Унгарија попушти – одобрена ЕУ-помошта за Украина

t

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, соопшти дека договорот за помош од 50 милијарди евра за Украина бил постигнат за неколку минути. Пробивот е направен по средба на неколкумина европски лидери, меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц, со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Помошта од буџетот на ЕУ за период од 4 години треба да спречи економска пропаст на Украина. Земјата со тие пари може да ги финансира, на пример, болниците и училиштата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали „силното единство на ЕУ“. Тој изрази увереност дека ветената помош ќе ја зајакне долгорочно економската и финансиската стабилност на неговата земја. По договорот на самитот, тој преку видео им се обрати на сојузниците и им се заблагодари за одлуката.

26 земји членки на ЕУ му оставиле на унгарскиот премиер Орбан можност по две години повторно да се разговара за помошта за Украина. Но, пречките за повторни разговори се високи: сите земји треба да се согласат само за да се одржи дебата. И за можни промени во пакетот со помош е потребен консензус, што се смета за исклучено. Орбан не можеше да надвладее со своето барање за годишна можност за вето на исплатата на средствата.

Учесниците на вонредниот самит реагираа со олеснување. Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, зборува за „добар ден за Европа“. Естонската премиерка Каја Калас ја пофали способноста на Европејците „заеднички да дојдат до резултат“. Таа на платформата Х напиша: „Ова е важен сигнал за Украина дека ЕУ ја поддржува долгорочно, сѐ до победа.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…