Објавено на:

Инфлацијата во еврозоната во јануари падна на 2,8 проценти

t

Според прелиминарните податоци на Евростат, во јануари годишната стапка на инфлација во Еврозоната се намалила на 2,8 отсто. Цените на енергијата паднале за 6,3 проценти на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 5,7 проценти. Инфлацијата во услужниот сектор изнесуваше 4 проценти, а индустриските производи, освен енергетските, поскапеа за 2 проценти, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Првичните проценки на Евростат се дека Германија во јануари забележала годишна стапка на инфлација од 3,1 отсто, а втората по големина европска економија, Франција, имал инфлација од 3,4 отсто.

Според очекувањата на Евростат, Шпанија е со инфлација од 3,5 отсто, Италија 0,9 отсто, а Хрватска 4,8 отсто.

Во еврозоната инфлацијата во јануари е за 0,4 проценти пониска отколку во декември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…