Објавено на:

Проектил погоди британски брод во Црвеното Море

t

Товарен брод во Црвеното Море претрпел помала штета кога бил погоден од проектил додека пловел во близина на брегот на Јемен, соопштија денеска британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) и британската поморска безбедносна компанија Амбри“, а пренесе „Ројтерс“.

Од УКМТО наведуваат дека проектилот поминал преку палубата и предизвикал помали оштетувања на прозорците, а извештајот за инцидентот го добиле нешто по полноќ. Компанијата „Амбри“ соопшти дека товарен брод со знаме на Барбадос, сопственост на британска компанија, претрпел физичко оштетување од беспилотно летало (UAV) додека пловел југоисточно во Црвеното Море.

Нема информации за повредени, бродот извршил маневри за избегнување и го продолжил патувањето, додадоа од „Амбри“. Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, веќе некое време напаѓаат комерцијални бродови со беспилотни летала и проектили за да „изразат солидарност со Палестинците во Појасот Газа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…