Објавено на:

Русија бара помош од Казахстан во бензин по украинските напади со дронови

t

Русија побара од Казахстан да биде подготвен да му испорача 100.000 метрички тони бензин што ќе се користат во случај на недостиг што ќе се влоши од украинските напади со дронови.

Ова го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори од индустријата. Според еден од нив, зделката е веќе договорена.

Советникот на министерот за енергетика на Казахстан, Шингис Илјасов рече дека такво барање не е примено во неговото министерство, а релевантниот руски оддел не одговорил на барањето на агенцијата за коментар. Белорусија веќе се согласи да ѝ помогне на Русија со снабдување со бензин доколку е потребно.

Овој потег доаѓа откако нападите со беспилотни летала исфрлија околу 14 отсто од рускиот примарен капацитет за рафинирање (втор по големина производител на нафта). Досега властите велат дека состојбата на домашните пазари за гориво е стабилна и залихите се доволно големи.

Руските нафтени компании беа принудени да увезуваат бензин. Москва воведе шестмесечна забрана за извоз на бензин од 1 март за да спречи акутен недостиг на гориво, иако тоа не се однесуваше на Казахстан и другите во Евроазиската економска унија и земји како Монголија. Трговците, сепак, очекуваат забраната да биде продолжена доколку ситуацијата се влоши, продолжува Ројтерс.

Минатата недела, рафинеријата за нафта во Орск го запре производството поради големите поплави кои го зафатија регионот по пукањето на брана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Роквиќ собра средства за детска онкологија…

Никола Роквиќ веќе 24 дена пешачи до…

(Видео) СТРАШНО: Силна бура го погоди Хјустон,…

Силна бура со урагански ветрови вчера го…

Орбан: Фицо е „меѓу животот и смртта“

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот…

Путин откри детали од разговорот со Си…

Една од темите на вечерните разговори меѓу…

Предупредување за невреме и ветер од 100…

Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за одредени…