Сијарто: Во интерес на ЕУ е што поскоро да ги прими земјите од Западен Балкан
Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ е нарушен со одолговлекувањето на интегративниот процес на прием на земјите од Западен Балкан, изјави денеска министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, додавајќи дека тоа е во интерес на ЕУ што поскоро да ги интегрира земјите од регионот во своите рамки.
На заедничката прес-конференција со министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, Сијарто истакна дека изборите во Европскиот парламент го отворија патот за „десничарски, мирни, суверени“ промени во политичкиот правец што се нарекува „здрав разум“ во европските политички дебатим додека ЕУ би можела да ги реши долгорочните предизвици и да ги интегрира „амбициозните и брзоразвивачките“ земји од Западен Балкан, објави МТИ.
Денес, додаде тој, на Европската унија и е потребен Западен Балкан повеќе отколку Балканот ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…