121 година од објавувањето на „За Македонцките работи“! „Комитетот не сакат да напраит Македониiа бугарцка, тоi сакат праина за сите Македонци без разлика на вера и народност”
„Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“
На денешен ден, 25 јануари во 1903 година во Софија излезе од печат книгата „За Македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков.
Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ со особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик. Во книгата се обработуваат тематики поврзани со основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на изнесениот политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во Македонија по Илиденското востание, како и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, со единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна, целовита и независна држава Македонија.
Поглавјата на книгата се:
– Предгоор
– Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
– Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?
– Националниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ќе се развиіат за однапред.
– Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична единица?
– Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.
Во книгата Мисирков смета дека за основа на македонскиот литературен јазик треба да се земат дијалектите од централното јазично подрачје, поточно Велес, Прилеп, Битола и Охрид.
Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен јазик е национален интерес на македонскиот народ и успешно средство во национално-политичката борба против туѓите пропаганди и против употребата на туѓите соседни јазици.
Мисирков се определува за брзо решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
за основа на литературниот јазик ги зема централните говори (на линијата Велес — Прилеп — Битола — Охрид), бидејќи тие се еднакво оддалечени од соседните литературни словенски јазици (бугарски и српски)
го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки на етимологијата
во лексиката предлага да се вклучуваат елементи од сите македонски говори
Така, во изговорот и правописот настојува на:
испуштање на интервокалните согласки, и тоа на в (чоек, жиот, зборои итн.), на х (дуот, Орид), на д (создаит) и слично
ф наместо старото х (успеф)
антиципација на мекиот изговор на ќ и на њ (брајк‘а, стаин‘е)
групата шч (шчо, опшч)
групите стр, здр во сите случаи (стред, здрел, праздна)
наставката цки наместо ски (македонцки, балканцки)
На морфолошко поле, настојува на наставката -т во трето лице еднина сегашно време (требит, мислит, значит), исто и кај формите од помошниот глагол јет, сет. Значително е што предлогот од имал две форми, па забележуваме користење на предлогот от пред збор што започнува на безвучна согласка и предлогот од пред збор што започнува на звучна согласка и гласници.
Мисирков го прифаќа кирилското писмо и составува азбука врз современи принципи. Во македонската кирилица тој воведува неколку нови графеми: i, к‘, г‘, н‘, л‘, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Исто така, во согласност со фонетскиот правопис настојува на бележење на едначењето по звучност.
Во лексиката, и особено во зборообразувањето, настојува на народна лексика и на живи зборообразувачки модели: дележ, продолжаач, опитуачка и слично.
Во продолжение дел од поглавјето „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“
Не iет рано да се предвидат разултатите и краiо на нашето востааiн’е. Тиiа можеа да се предвидат ушче пред зафатоко негов.
Ушче во време на февруарцкото руско официално известуаiн’е беше iасно, оти Европа никоi пат не ке удовлетворит во полна степен бараiн’ата на комитето. За да се исполнат нашите сакаiн’а требуаше да се воiуват со Турциiа; само после наддел’уаiн’е ке можеше да се натерат Турцко да исполнит нашите сакаiн’а. А се наддел’уат Турцко не од нас и не од Бугарцко, ами или од Голема Сила, или от нас и Бугарцко, Србцко и Црна Гора заедно, при неутралноста на друзите држаи. А ни iедното, ни другото тогаi за тогаi не беше мислимо. Комитетот тоа требаше да знаит и мисл’ам го знаеше. Но негоите раководци мислеа друго: они во биднината, како и во сегашното, видеа само тоа, шчо им iет приiатно да видат. Они велеа: „ниiе не сакаме, ни iедна држаа да воiуаат за нас: они можат просто да отпраат своите флоти во Солун и да принудат Турцко да ни даит реформи. Ниiе сакаме да напраат и со Македониiа, шчо напраиiа со Крит”. Не iеднаш сме спориле, оти имат разлика мег’у Крит и Македониiа, оти имат држаи, коiи сет заинтересуани во Statu quo-то и ке напраат се возможно да немат набркуаiн’е во наша полза. Та и да имат набркуаiн’е, имат ли се осноа да се мислит, оти тоа набркуаiн’е ке бидит во наша имено полза, а не на наша пакост? Се покажуаше, оти сегашниiо момент iет наiнеблагоприiатен за востааiн’е. Но нашите раководци замижеа пред вистината и востааiн’ето се зафати; се зафати славно, за да се довршит плачевно и пагубно. Не беф iас сам, шчо гледаф на предвременоста на востаiн’ето. Така гледаа и мнозина друзи. Но никоi не си креваше гласот против. Критиката на држаiн’ето на комитето беше само во домашните крагои. Но она беше и безполезна па и опасна, не само за тиiе, коiи се критикуваат, ами наi после за тиiе шчо критикуваат: Комитетот беше сесилен; он имаше во своите раци живото и смртта на сите граг’ани и не приемаше никаква критика на своите постапоци. Тиiе, шчо не сет со него, сет против него и сет негои неприiатели, коiи требит да се истребат. Да критикуат работите на комитетот можеше само друг’ комитет, коi шчо располагат со сила. Организациiа пак на контр-комитет беше и доцкна и безполезна. Мег’у комитетите тогаi ке се зафатеше погубна мег’уусобна борба.
И така борбата се зафати против требуаiн’ето на секо благоразумiе. Она даде многу резултати, само не тиiе, шчо се очекеуваа. Мег’у сите iавуаiн’а, коiи сопроводуат движеiн’ето, наi големо вниманиiе заслужаат руското „Праителствено Сообшчуаiн’е” от 11 Септем. т.г. . После него представуаiн’ата од рускиiо и австро-унгарскиiо посланици до Портата и во Софиiа и писмото на англиiскиiо министр-президент Бал’фур до Кентребериiцкиiо архиiепископ.
„Праителственото Сообшчуаiн’е” заiавуат, оти руското праителство, ке барат за Македониiа тиiа реформи, коiи сет изработени во месец Февруари од Зиновiев и Каличе и оти тиiе реформи сет само зафатокот и ке бидат развиiени понака сообразно со нуждите на жителството. Тоа место беше и во февруарцкото Праителствено сообшчуаiн’е. Не покажуат ли оно, оти по широки реформи от тиiе, шчо ни беа дадени ке можефме да добиеме и без револ’уциiа, а само со ловки мали народни движеiн’а? Ако iет така, то сегашното востааiн’е ни на iедна iота не измени положеiн’ето.
Но во Праителственото Сообшчуаiне имат ушче iедно много важно место: револ’уционите комитети, по изражуан’ето на руското праителство, сакаат да создадат „Бугарска Македониiа”, а Русиiа, за коiа сет блиски и интересите на друзите рисiанцки народности во Македониiа, не можит да пожртвуат нивните интереси на бугарите. Разбраа ли во Бугариiа, шчо означуваат тиiе зборои? Разбраа ли во Македониiа? Разбрафме наi напoкон ниiе?
Русиiа отворено ни изкажуат, зашчо она не работит и не можит да работит инак. Да ли iет праа Русиiа во своите утврдуаiн’а? Да ли можит она да постапит инак?
Ако се постаифме во положеiн’ето на руското праителство, и ниiе не ке можефме да постапиме инак.
До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкиiо догоор истапиiа со своите претенциiи на Македониiа србите. Праи ле сет они, или не, не iет важно за дипломатите. Србите во течеiн’е на 25 години, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европеiцкото обшчествено мнеiн’е убедеiн’е, оти во Македониiа имат и срби. Ако селцкото населеiн’е и сега си зборуат, како шчо си зборуало и по прег’е, и зборуат одред низ цела Македониiа само на iеден словенцки iазик, – во градоите, редом со бугарцките машки и женцки гимназиiи и основни сколиiи, на секаде ке наiме и србцки. Iедни села имаат србцки, друзи бугарцки сколиiи. Едни сел’ани со нивните учители и попои признаваат патриархiата и сет под покроителството на србцки или грцки консули, а друзи признаваат бугарцкиiо екзарх и слушаат бугарцкиiо трговцки агент. Се тоа сет факти за дипломатиiата, коiа шчо имат да се броiит со деiствителноста, а не со теориiата за народноста на македонците. Политиката немат работа со науката. Па и да имат работа, зар iет докажано, како два и два 4, оти сет македонците бугари? До руско-турцката воiна имаше само iедна теориiа за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек’а, оти македонците сет нешчо стредно мег’у србите и бугарите. Привржениците на таiа теориiа пак се подраздел’уат: 1, на коiи шчо кажуваат, оти тоа стредно iет iеднакво далеко и от србите и од бугарите; 2, оти оно iет по блиско до србите; 3, оти iет по блиско до бугарите; 4, оти част iет по блиска до србите, част – до бугарите. Не iет важно за дипломатите, каде iет истината. Важен iет факто, оти во Македонцкото прашаiн’е сет заинтересуани етнографцки, редом со бугарите и грците, ушче и србите. Осем тоа и политично Србиiа iет не по малку заинтересуана во судбите на Македониiа. Последната за Србиiа имат по големо значеiн’е, от колку за Бугариiа, оти Бугариiа можит да излезит на Егеiцкото море и преко Кавала и Деде-Агач.
Ако iет така зар можеме да се чудиме на поведеiн’ето на руското праителство во македонското прашаiн’е и на неговото заiавуаiн’е, оти Русиiа не ке помагат на комитето да се создадит „Бугарцка Македониiа”?
Некоi од нас, можит наивно ке забележит: „Комитетот не сакат да напраит Македониiа бугарцка; тоi сакат праина за сите македонци без разлика на вера и народност”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…