Хактан: Дали Македонија е унитарна држава?

t

*Објава на Фејсбук на пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил:

ДАЛИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е УНИТАРНА ДРЖАВА?

За да се одговори на ова прашање најсетне потребно е да се разграничан поимите ФАКТИЧКА и ДЕ-ЈУРЕ состојба:

Имено, разликата помеѓу „фактичка“ и „дејуре“ состојба се однесува на статусот или состојба од практичен (фактички) и правен (дејуре) аспект:

Фактичката (de facto) состојбата се однесува на она што постои во реалноста или во пракса, дури и ако тоа не е официјално така според законите.

Додек пак дејуре (de jure) состојбата се однесува на она што е легално признато според законот, дури и ако не постои во реалноста.

Елем, фактичкото се однесува на реалната состојба, додека дејуре е правниот статус.

Република Македонија, не само што фактички не е унитарна држава туку и дејуре, особено после Охридскиот рамковен договор и неговите деривати како акти имплементирани во правниот поредок, повеќе не може да се каже дека е унитарна држава освен што формално така е определена според Уставот. Како што впрочем е определена и како „социјална држава“.

Еве да ги земеме главните карактеристики на унитарна држава по кои Р. Македонија дејуре се дефинира како унитарна, и ќе видите дека во реалноста, фактички, тие карактеристики на политичкиот систем се со многу слаб импакт. Освен тоа, секој таков (унитарен) елемент, и дејуре, со други законски и подзаконски акти е релативизиран и знатно потиснат.

Еве, Р. Македонија има единствен устав и правен систем – звучи смешно нели. Во одредени локални единици важат состема други практики, тоа сите го знаеме, од даночна политика до политички права на индивидуите. Па еден закон против пушење не ваши секаде исто, што остана за друго, како на пример акти за државните инсигнии и симболи.

Втората главна карактеристика на унитарната република пак која предвидува една и единсвена централна власт, со воспоставената „традиција“ да мора албанци да има во влада изгледа уште посмешно. Бадентерот пак е посебна приказна, тоа е класичен механизам на тиранија на малцинството! И тоа, нашиот пример за тиранија на малцинството е како никаде друго, ова не е опишано и забележано ниту во досегашната литература на политичката наука – спесификата на тиранијата на малцинството во Македонија е феномен кој за прв пат се појавува кај нас. А таа спесифика се однесува на тоа да, малцинството не само што врши тиранија по прашања од интерес на заедницата од каде го црпи легитимитетот (културни, религиски или јазични права), туку малцинството кај нас практицира тиранија и за интересите на трети, надворешни ентитети. Еклатантен пример за тоа е промената на името на државата. Под диктат на албанското малцинство Македонија потпиша срамен и капитулантски договор со Грција?! Истото се случи и со договорот со Бугарија од кој произлезе и актуелната Преговарачка рамка со ЕУ, т.н. Француски предлог.

Ако на сето ова се додадат и Законот за територијална поделба, Изборниот законик, Законот за јазици и други слични ствари кои во моментов не ми текуваат (и ова е повеќе од доволно), тоаш станува очигледно дека формалната декларативност во Уставот на РМ дека државата претставува унитарна република нема никаква врска со ралноста ниту фактички ниту пак дејура!

Македонија најблиску е до она што може да се нарече бинационална држава. И тоа држава на македонскиот народ од една страна (со сите етнички групи) и албанците од друга. Но, никој од политичката елита (а богами и голем дел од интелектуалната) тоа не сака да го признае. Пред се затоа што после ќе биде приморан да делува согласно тоа признание, а и да сноси политичка одговорност за политичките заложби, токму согласно тоа признание/констатција. Затоа што неминовно ќе се постави вистинското прашање: што од тука натаму? Ова особено се однесува и е карактеристично за ВМРО-ДПМНЕ и околу неа гравитирачката, само-наречената „патриотска“, интелектуала.

Токму оттука и сите оние „збунки“ и небулозни со користење на два различни поими за иста работа; „етничка припадност“ и „националност“, на сите нивоа во институциите но и во политичкиот дискурс, а богами и во голем дел од академската граѓа.

Затоа и двата политички ентитети во владата, ДПМНЕ и ЗНАМ кога се избацуваат со флоскули за национални интереси и црвени линии, не знаат да кажат и кои се тие национални интереси и каде е границата за нивно омеѓување (заштита). Оттука, јас еве ги предизвикувам да ги извадат помпезно најавуваните „платформи“ за заштита на националните интереси и да видиме дали во тија платформи каде е направена политичката демаркација на нивните национални интереси?!

Но нема тоа да го направат, затоа што интересите на империјата на која и служат, нивните стратешки партнери, се во директна спротивност од националните интереси на Македонија. Националните интереси се предадени со предавање на националното богатство, се потоа неминовно следи/следеше. Затоа, националите интереси, то ест, националното богатство од прватни (странски и домашни) џебови треба да си го вратиме во државни, национални торби. Националните интереси треба да ги земеме под своја контрола и потоа да ги штитиме, се друго е политичка импотентност на краткорочните политички практики спроведувани од кратковидни и краткотрајни политички пувлјаци и дебелогазовци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…