Макрон предлага паневропски нуклеарен штит поради стравот од Путин

t

Зачудувачкиот непочитување на растечките безбедносни грижи на Европа од страна на Доналд Трамп и неговите соработници го врати на прв план старото и контроверзно прашање, дали Велика Британија и Франција треба да ги здружат своите нуклеарни капацитети и да создадат паневропски нуклеарен штит за да ја одвратат Русија на Владимир Путин, доколку САД ја намалат или повлечат поддршката?

Трамп сè уште не се закани експлицитно дека ќе ги повлече американските нуклеарни сили од Европа. Сепак, претседателот минатата недела изјави дека сака да ги преполови трошоците за одбрана на САД, особено за нуклеарно оружје. Трамп често го омаловажува НАТО, кој е клучен за европската безбедност. Минатата година тој ја охрабри Русија „да прави што сака“ на земјите-членки кои, според него, трошат премалку за одбрана.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ги предупреди министрите за одбрана на НАТО во Брисел дека одбраната на Европа повеќе не е стратешки приоритет и ја отвори можноста за повлекување на американските војници. Во својот говор на Минхенската безбедносна конференција, тој ја минимизираше заканата од Русија.

„Американците повеќе нема да бидат наивни и да им дозволуваат на Европејците да ги искористуваат“, рече тој.

Овие ставови за американско-европските односи поттикнаа вистински стравувања од штетен, можеби траен, јаз со Вашингтон. Токму во овој нестабилен контекст францускиот претседател Емануел Макрон свика итен самит во Париз со европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер.

Главните теми на состанокот се очекуваше да бидат иднината на Украина и нејзината одбрана, како и претстојните американско-руски „мировни разговори“ од кои Европа најверојатно ќе биде исклучена.

Сепак, на самитот се наѕираше уште поголемо прашање: како да се организира колективна европска одбрана во контекст на намалена, несигурна или целосно непостоечка поддршка од САД, заедно со отворените нуклеарни закани од моќната Русија?

Борис Писториус, германскиот министер за одбрана, предвиде дека Путин би можел да нападне најмалку една земја на НАТО во следните пет години. Полска и балтичките земји изразуваат слични стравови, наведува Нова.рс.

Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика сите 32 членки да ги зголемат трошоците за одбрана. Многу земји, вклучително и Британија, изгледаат подготвени да го сторат тоа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, разочаран од она што во Киев се смета за американско предавство, на конференцијата во Минхен изјави дека е време да се создаде „европска армија“. Оваа идеја долго време ја застапува Макрон, кој е страстен поддржувач на посилна, интегрирана и понезависна европска одбрана, со намалена зависност од САД.

Макрон е тој што ја води дебатата за паневропскиот нуклеарен штит. Тој ја повтори оваа идеја во говорот  уште во Париз од 2020 година, кога предложи „стратешки дијалог со нашите европски партнери за улогата на француското нуклеарно одвраќање во колективната безбедност“. Тој ја повтори понудата во 2022 година и повторно минатата година.

Франција не предлага да го стави својот независен нуклеарен арсенал, кој брои околу 290 боеви глави и работи надвор од командната структура на НАТО, под контрола на други земји или на ЕУ. Туку Макрон, како и неговите претходници, нагласуваат дека има „европска димензија“ на француската нуклеарна стратегија. На пример, ако Берлин се соочи со нуклеарно уништување, Париз би го доживеал како директна закана за себе.

„Француските лидери имаат три главни грижи“, се вели во анализата на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS).

„Прво, постои висок ризик Трамп да се повлече од НАТО или барем значително да ги намали американските конвенционални сили во Европа.  Второ, исто така може да го намали бројот на американско нуклеарно оружје распоредено во Европа, иако моментално има малку докази за поддршка на таа можност. Трето, и најважно, американскиот претседател кој не сака или отфрла многу европски земји, веројатно нема да ги ризикува американските животи за Европа, се наведува во анализата на Инстотутот.

Нуклеарна дебата во Европа

Предлогот на Макрон покренува голем број сложени прашања: кој би имал овластување да користи „европеизирано“ нуклеарно оружје? Кој би ја финансирал нејзината модернизација и проширување? Дали таквиот потег дополнително би ја влошил ситуацијата, забрзувајќи го американското повлекување?

Германија, која би била клучен партнер во овој проект, има поделени ставови. Канцеларот Олаф Шолц и Зелените се силно против, како и француската левица и крајната десница. Сепак, Фридрих Мерц, најверојатно иден канцелар, наводно е заинтересиран.

Манфред Вебер, водечки германски конзервативец, изјави за „Гардијан“ минатата година дека неизвесноста околу Трамп значи дека е време сериозно да се разгледа понудата на Макрон. Тој, исто така, повика на „ново поглавје“ во соработка со ОК.

Британија – клучен фактор?

Британската улога во овој проект е исто така предмет на дебата. Кристијан Линднер, друг висок германски политичар, праша под кои политички и финансиски услови Париз и Лондон би биле подготвени да ги прошират своите нуклеарни капацитети во корист на колективната безбедност.

Студијата на ИИСС нагласува дека Британија и Франција се „природни партнери“ во зајакнувањето на европското нуклеарно одвраќање. Нивниот арсенал заедно брои околу 520 боеви глави, што е нумерички еквивалентно на сегашната нуклеарна сила на Кина. Овој факт може да испрати посилна порака до Русија.

Сепак, развојот на заеднички британско-француски нуклеарен чадор би бил политички предизвик за Кир Стармер. Ова би покренало прашања за суверена контрола, што би предизвикало отпор од евроскептичната десница. Во рамките на Лабуристичката партија, многумина би го сфатиле ова како ескалација на нуклеарната закана. Путин секако би го сфатил тоа како провокација, а слична реакција би можел да има и Трамп.

Сепак, како што истакнува аналитичарот Џозеф де Век, времињата брзо се менуваат. Владите итно треба да најдат решенија за продлабочената европска безбедносна криза.

„Европејците можеби повеќе нема да имаат луксуз постепено да ги интегрираат своите безбедносни структури“, напиша Де Век. Проширувањето на британските и француските нуклеарни гаранции за цела Европа, вклучително и Украина, е идеја чие време е дојдено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…