Професорот Трајковски детално пресмета: За камати 22 години ќе враќаме половина од износот на кредитот?!

t

*Објава на Фејсбук на професорот Дејан Трајковски

– Што и колку Македонија губи со земањето британски кредит за брза пруга? (IV дел)

Владината агенција на Обединетото Кралство за финансирање на извозот (United Kingdom Export Finance – UKEF) нуди кредити на странски влади за финансирање на проекти во кои учествуваат британски компании.

Каматната стапка на ваквите кредити не е комерцијална, туку често е фиксна и се нарекува CIRR (Commercial Interest Reference Rate). CIRR се определува на месечна основа и варира според валутата и рокот на отплата.

За периодот од 15.5.2025 до 14.6.2025 година според OECD ( https://www.oecd.org/…/financing-terms-and…/cirrs.pdf… ) важат следните минимални референтни каматни стапки (CIPR), за долгорочни кредити (на 10 години) и тоа во:

– евра 3,64% фиксно

– британски фунти (GBP): 5,58% фиксно

– американски долари (USD): 5,28% фиксно

Но, тоа не е се. Над минималните референтни каматни стапки (CIPR), постои и додаток, таканаречена премија за осигурување на кредитниот ризик (country risk premium), во зависност од државата-заемопримач. На сајтот на UKEF постои калкулатор на оваа премија ( https://www.gov.uk/…/calculate-an-indicative-sovereign… ). Од тука ја наоѓаме премијата за ризик за нашата земја како купувач, со период на повлекување (истоврмеено и грејс период) од 60 месеци и период на отплата од 264 месеци (22 години).

➤ Индикативаната стапка на премија на UKEF изнесува 17.82%!

Оваа премија најчесто се плаќа однапред, како еднократна сума, и не е дел од главниот долг. Но во некои случаи, може да се финансира преку истиот кредит, односно се додава кон главнината и се амортизира заедно со него.

Колку ќе треба Македонија вкупно да врати пари?

Ќе сметаме дека кредитот е на 22 години, со грејс период од 5 години. Отплатата ќе биде во 17 еднакви ануитети, а во текот на првите 5 години се плаќа само камата.

Бидејќи 30% од позајмените 2 милијарди евра ќе бидат во британски фунти, при сегашниот курс од 0,84 британски фунти за едно евро (EURGBP=0,84), првиот дел од кредитот ќе изнесува 504 милиони GBP, а преостанатите 70% би изнесувале 1.400 милиони EUR. Ќе направиме одделни пресметки за кредитот во британски фунти и за кредитот во евра.

1. Кредит за 504 милиони британски фунти

Главнина: К = 504.000.000 GBP

Премија (17,82%): P = 89.817.600 GBP

Вкупен заем за отплата: K+P = 593.817.600 GBP

Каматна стапка (CIRR): 5,58%

Грејс период: 5 години

Ануитетен период 17 години

Камата во грејс периодот: 5×33.026.095 = 165.130.476 GBP

Годишен ануитет: A = 53.880.858 GBP

Ануитети за 17 години: 53.880.858×17 = 916.974.586 GBP

Вкупно за враќање: 165.130.476 (грејс)+916.974.586 (ануитети) =

1.082.105.062 GBP

2. Кредит за 1.400 милиони евра

Главнина: K = 1.400.000.000 €

Премија (17,82%): P = 249.480.000 €

Вкупен заем: K+P = 1.649.480.000 €

​Каматна стапка (CIRR): 3,64%

Грејс период: 5 години

Ануитетен период 17 години

Камата во грејс периодот: 5×60.032.072 = 300.160.360 €

Годишен ануитет: A = 132.276.296 €

Вкупно за враќање: 300.160.360 (грејс)+2.248.696.992 (ануитети) = 2.548.857.352 €

➤ Македонија за 22 години ќе треба да врати 1.082.105.062 GBP и 2.548.857.35€. Доколку, хипотетички земено, по 22 години курсот на еврото биде ист како денешниот (EURGBP=0,84), тогаш Македонија вкупно би вратила: 1.082.105.062 GBP / 0.84 + 2.548.857.352 € = 3.837.077.664 €

Вистинскиот исплатен износ во евра би зависел од идниот курс на еврото во однос на британската фунта, којшто може да биде понизок или повисок.

Ефективната каматна стапка, како да сме исплатувале 22 годишни ануитети без грејс период и без премија за ризик, ја пресметуваме нумерички и истата изнесува:

➤ r = 5.91%.

Тоа што навидум изгледа како евтин кредит, всушност воопшто не е евтино, најмногу заради премијата за ризик.

Какви алтернативи ни стојат на располагање?

1.) UKEF (United Kingdom Export Finance), ако брзината и вклучување на британски фирми се приоритет. Недостатоци се обврзувачкиот ангажман за британски изведувачи или опрема и повисоката премија за ризик. Најнеповолен кредитор.

2.) EIB (European Investment Bank), ако се бара најниска каматна стапка и долгорочно ЕУ интеграција (компатибилност со ЕУ фондовите). Недостатоци се бавната и бирократска процедура, строгата техничка, социјална и еколошка проценка. Најповолно.

3.) KfW (Германска развојна банка), ако е важна техничката поддршка (германска експертиза) и повластени услови за одржливост. Недостатоци се ограничениот износ и често услов за кофинансирање.

➤ Заклучок

На македонската Влада очигледно многу и се брза за да дојде до капитал, без тендери и со минимум процедури, па затоа не и пречат највисоките каматни стапки и обврзувачкиот ангажман на скапи британски изведувачи и/или купувањето скапа британска опрема.

Што губи Македонија? ЕИБ и KfW нудат пониски камати, често блиску до 1–2%, понекогаш и 0% за грант-компоненти, а освен тоа тие не наплатуваат високи премии за ризик како UKEF (17–18%). Македонија ќе плати значително повеќе за камати и осигурување.

На пример, за заем од 2 милијарди евра преку UKEF, би вратиле 3.8 милијарди евра. За истата сума преку KfW со каматна стапка од 1,5% би вратиле 2.5–2.7 милијарди евра. Тоа значи непотребна загуба од 1,1 до 1,3 милијарди евра.

KfW и ЕИБ имаат строги процедури за јавни набавки, транспарентност и контрола на квалитет. Тие вклучуваат независен мониторинг, студии за одржливост и ревизии. Финансирањето од ЕИБ или KfW значи и потврда на европската доверба во проектот.

KfW често нуди инвестиции со грант-компонента, особено за зелени, железнички, инфраструктурни проекти. ЕИБ има програми како “Economic Resilience Initiative”, со делумно неповратни средства.

Со изборот на UKEF, Македонија се поврзува со бизнис-ориентиран партнер (односно народски кажано лихвар) а не со развојна европска институција. Нестрпливоста и неработењето мораат да се платат.

Инаку, УКЕФ им нуди вакви кредити на речиси сите земји во светот и на ова не треба да се гледа како на некакво стратешко партнерство, без разлика што така ни го рекламираат. Примањето на одбиени азиланти не претставува услов за кредитот и тоа е дел од некаков друг договор со Велика Британија.

=====================

На сликата: железничката станица во Богомила

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…