Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

t

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше злоупотребен во домашниот политички наратив, веројатно беше и погрешно пласиран“, рече Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на „Телма“.

„Беше пласиран како нужното зло што мора да се голтне за да ги отвориме вратите во НАТО и во Европската Унија и не се стави доволно акцент на помирувањето со Грција преку, од нивна страна, прифаќањето на нашето право да кажеме кои сме и каков јазик зборуваме, Македонци, Македонки кои зборуваат македонски јазик и дури фразата „промена на името“ што го употребуваат членови на претходната влада и, секако, во големите критики на опозицијата, притоа знаејчи дека во синтагмата Република Македонија и во синтагмата Северна Македонија именката е иста и е Македонија“, рече Димитров.

Тој смета и дека Преспанскиот договор и т.н. „француски пакет“ се суштински спротивни.

„(Тие) за мене се суштински спротивни и проблем е кога се критикуваат на еднаков начин и кога се фалат. Преспанскиот договор содржи афирмација на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а дел од овој пакет содржи официјално писмо од Софија, депонирано во Брисел, дека македонскиот јазик е сиромашен дијалект на бугарскиот јазик. И во таа смисла фрапира изедначувањето, било во критиката, било во фалбата“, рече Димитров, кој додаде дека во политиката „бил, но не како партиски човек“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…