Притворен е уште еден осомничен од групата уапсени за перење пари
При обид за влез во државата на граничниот премин „Долно Блаце“ вчера е лишен од слобода С.А., државјанин од Косово, за кој постои сомение дека сторил кривично дело злосторничко здружување и даночно затајување.
Ова претставува продолжение на акцијата од 25 август, кога Управата за финансиска полиција спроведе голема акција на подрачјето на општините Липково, Куманово и Желино, при што во соработка со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, се лишени од слобода седум лица.
„Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лицето веднаш е преземено и изведено пред судија на претходна постапка што му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена. Лицеето е спроведено во кумановскиот затвор“, велат од УФП.
Уапсените лица во спроведената акција од пред два дена се осомничени за кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело.
Акцијата е резултат на двегодишна опсежна предистражна постапка, водена под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Со своите незаконски дејства, осомничените предизвикале штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притворен е уште еден осомничен од групата…
При обид за влез во државата на…
Уапсен полициски службеник од Единицата за интервентна…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Голема акција на српската полиција: Запленет е…
Во Белград е во тек голема акција…
Приведен кумановец баран по потерница за доиздржување…
На 18.08.2025 во 20:45 часот, полициски службеници…
Опозициски градоначалник уапсен во Истанбул – приведени…
Во истрага за корупција, турските власти во…