Одбраната на екс-градоначалникот на Кочани: Папазов не знаел како ќе се организира концерт, не можел да знае, ниту има одговорност
Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.
Одбрана на Папазов
Оваа постапка мора да се води според законите, не според резултат на колективен гнев. Ова можеби е уникатен случај на столетието. Обвинителот Коцевски, во контекст наведе три слични настани, пожар во Романија, во САД и Бразил. Според ЈО Коцевски одговорноста не била ограничена само на оние кои директно го предизвикале пропустот, но и на оние кои со серија долгорочни пропусти довеле до настанот.
Уникатот од случај е таков со правно-монтирана гимнастика на ОЈО, невидена на овие простори, треба да ги задоволи апетитите на дел од јавноста. Барањето одмазда, предвременото прогласување на вина од дел од јавноста предизвикуваат опасност.
Овој случај е одбележан со немерлива трагедија кадешто болката е длабоак и апсолутно оправдана, но како што ја бараме правдата на жртвите, мора да се почитува и пресумпцијата на невиност.
За да не бидам погрешно разбран, јас сум апсолутно за правда, но не правда според желби, притисоци, согледувања на дел од јавноста, под кои и обвинтителството наведнало глава.
Правда за обвинетите подразбира и дека во најтешките случаи неправедна осуда на невин човек е втора трагедија.
Правдата е универзална, неселективна, за секого и му припаѓа на секого.
Дали преку обвинителен акт како предметниот ќе дојдеме до правдата за која е задолжен судот, останува да почекаме за да видиме.
Со задоволувањето на правдата на дел од јавноста, нема да се вратат починатите, но доколку правдата,онаа вистинската биде пронајдена, за многумина ќе биде лек.
Обвинетиот Папазов има право на правда заснована на факти.
Има докази предложени од наша страна, но и преку анализа на доказите на ЈО ќе можете да се уверите дека преку недоволна објективност и можеби желба да се додвори на дел од јавноста, Папазов е собран во овој обвинителен акт.
Како да го оправдаме нефункционирањето на системот? Со конструкција на случај како овој? Дали со таква конструкција на случај е заборавено на правдата, дали преку обвинувањето на Папазов треба да се сокрие дел од нефункционирањето на системот?
Преку овој предмет му се суди на целиот систем но законот бара индивидуална кривична одговорност.
Неуспехот да се презентира дека Папазов знаел за директната опасност и намерно не постапил го прави неможно докажувањето на неговото дело од ОЈО. Папазов не презел никакви дејствија што довеле до пожарот. Непостапувањето на Папазов не е во никаква, а најмалку директна причина за настанатата катастрофа. Тој не поседува знаење да утврди недостаоци во објектот, тој е зависен од извештаи од соодветните одделениеја и инспекторати кои имаат стручен кадар за таа цел. Градоначалникот има организациска и раководна фунцкија, тој не е правно овластен да врши стручни проверки и да ги утврдува пропустите во објектот.
По логиката на ОЈО не треба да има одбрана, судија, порота, бидејќи сите сме системот.
Ова е конструиран случај за кој ќе се уверите од доказите на ЈО и обвинетиот.
Од доказите кои ги предлага Папазов судот ќе може да утврди дека наводното негово непостапување нема и не може да има никаква одговорност за настанот, настанувањето на пожарот. Таа вечер беше за Папазов како и сите претходно, со неговото семејство, не знаејќи дека се организираат концерти.
Совесноста на Папазов се огледа што таа вечер лично отишол на местото, бил присутен и учествувал да се помогне во спасувањето на загрозените, ставајќо се на расположливост на ОЈО за истрагата.
За тоа каков човек е, говори тоа што само тој си поднесе оставка, иако не чувствува вина за настанот, но тоа е највисок чин. Со своите морални капацитети успеа да покаже разбирање на болката на родителите на загинатите, и сочувство и подоцна кога беше каменуван неговиот дом кога беше загрозена сигурноста на неговото семејство. Знајеќи ја болката остана смирен, не возврати на ист начин, ги прими ударите на своите деца, не негодувајќи што и МВР и институциите не превенираа таков настан во атмосфера на линч и прогон.
Папазов не знаел како ќе се организира концерт, не можел да знае, ниту има одговорност, концертот бил јавно најавен па дали други органи затаиле во вршењето на својата дејност?
Не сакам да бидам погрешно сфатен дека ја напаѓам јавноста, сакам да придонесам да и тој дел од огорчената јавност биде задоволена правдата.
Папазов не може да биде виновен за делото нкое му се става на товар.
Преку доказите судот ќе може да утврди дека наводните непочитување на закони, недавање на наредби на градежните инспектори, непредлагање на план за заштита и спасување, му овозможил на обвинетиот Дејан Јованов да плаќа помал износ од предвидениот. Нема никаква поврзаност со кривичното дело. Папазов презел се што е во доменот на неговата надлежност, верувал во надлежните институции.
Дали Папазов треба да биде обвинет и осуден за очигледни намерни пропусти на други надлежни органи?
За дејствија кои други требало да ги преземат или ги презеле, одговорен да е Папазов.
Истиот е обвинет дека со другите градоначалници не постапиле по мерките и прописите за заштита.
Какви конкретни надлежности има обвинетиот во поглед на преземање или непреземање на овие дејствија и кои се неговите пропусти?
Ова е борба за правда која треба да победи, преку една фер, законита и праведна постапка, без пристрасност и притисок.
Папазов: Досега не сакав да зборувам заради водење на истрагата во вистински правец и доаѓање до утврдување на вистината. Сакам само да потсетам на две можности кои имав да ги направам во тој момент, едната од професионален аспект да ја мобилизирам целокупната општинска администрација на критичниот ден и да се стават во функција на истражните органи, самиот јас да се ставам во функција на сите надлежни служби и уште една работа, да го одржам најкраткиот колегиум во мојот градоначалнички мандат со цел овозможување на основните услови за спроведување на сите потребни активности понатаму.
Втората работа која можев да ја направам од личен и човечки аспект, од глетката која ја видов во тој момент, да поднесам оставка од морални причини.
Ќе имаме можност повеќе да зборуваме кога ќе ги изнесеме доказите, само сакам придржувајќи се кон воведниот говор на мојот бранител, да констатирам дека во оваа судница како што ветува и самиот почеток ќе бидат изнесени многу аргументи и факти, кои можеби нема да му се допаднат некому, но ќе бидат првиот чекор или првиот патоказ дека сте на вистинскиот пат кон утврдување на вистината.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.
Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.
Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбраната на екс-градоначалникот на Кочани: Папазов не…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Одбраната на екс-градоначалникот Илиев: „Нема докази, немал…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Екс градоначалникот на Кочани, Димитриовски: Единствено јас…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
(Видео) Родителите со транспарент пред судницата во…
Денеска продолжи судењето за трагедијата во кочанската…
По трагедијата бев во болница, ме викнаа…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…