Салиу за мајка на починато дете во Пулс: Некоја Петрушева и некој Апасиев вечра кажале дека доаѓам на судење со службена кола, се злоупотребува моето име!

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Воведни зборови, одбрана на Шабан Салиу

Почитувани родители, најнапред Ви изразувам длабоко сочувство за загубата на вашите деца. Собрани сме во оваа судница не само за да го решите овој спор помеѓу нас, двете страни во постапката, туку да одговориме на повикот на општеството за правда, а правдата не е ниту утеха, ниту одмазда, таа е вечен стремеж кон вистината, која ја одржува заедницата жива и правдена. Најголемата чест и најдлабокото признание на адвокатот е да стои во служба на таа правда. Во нејзино име во воведот што ќе следи ќе ја изложам суштината на молјата цел во овој предмет, а тоа е да ја докажеме улогата на Шабан Салиу во овој процес.

Ќе поставувам многу прашања и дилеми. Фактите и правото ќе ги изложам во нивната природна, логична и правда поврзаност.

Зошто почитувани судии Шабан Салиу не е виновен? Поради отсуството на законски пропишана надлежност на раководно лице на ДЗС според која тој не бил, ниту можел да биде дел од процесите за лиценцирање, урбанистичите одлуки, инспекциските надзори… Таквите постапки не спаѓале во неговите овластувања, тој не можел конкретно да делува на пожарот во Кочани, ниту во последиците од истиот. Во периодот кој тој ја извршуваше функцијата и периодот после него, не можат да се поврзат со трагичниот пожар.

Како постапува обвинението? Конструира нов, правно-невозможен кривичноправен институт заснован на поимите долготраен каузален тек и долгогодишен каузален процес, односно дека каузалитетот траел 14 години, со инсинуирање на теза дека неговото правно неделување било оставено во наследство на тројцата раководители после него.

Оваа конструкција не е само правно непрецизна но суштински ги поткопува основите на кривичното право.

Ако ја следиме логиката на обвинението, тогаш неминовно се појавува прашањето, дали враќајќи се во минатото од денот на пожарот до 2012 година, кофата со вода за негово гасење не била и во рацете на ОЈО Кочани?

Во текот на постапката ќе докажеме зошто таа законска одредба претставена како најсилна стран ана долготрајниот каузалитет, всушност е најголемата слабост на обвинението.

Член 30 од КЗ не служи за премостување на некаков наследен каузалитет за да може нечие поведение во минатото да се поврзе со пожарот за да тоа поведение се прокаже како кривично дело. Чл. 30 од КЗ не е правна алатка за пожарот се прикаже како последица од поведението на Шабан Салиу со која тоа поведение одеднаш станува дело од чл. 288 од КЗ.

Ваквата конструкција на обвинението ми дава за право да поставам прашање, ако некој во синџирот на каузалната врска каква што ја конструира обвинението, си ја вршеше својата работа и на 15 март 2025 и на 16 март 2026 пред да се запали фитилот, дали во таков случај ако не се случеше пожарот, да дадеше Господ така да беше, дали Шабан Салиу ќе беше одговорен за дело по член 288?

Дали во таква ситуација во која го нема пожарот, ќе се сметаше дека од страна на Шабан Салиу е сторено делото во периодот од 2012 фо 2017 година? Ќе беше ли договорен за ова или за друго кривично дело? Не, немаше да биде одговорен, како што и сега не е, но немаше да биде ни обвинет.

Ако во овој претпоставен случај не постои кривична одговорност, тогаш прашувам, зошто е обвинет денес? Одговорот е очигледен, само заради пожарот на 16 март 2025 година и болката што таа трагедија ја предизвика.

Адвокатот во мене мора да каже, болката колку и да е силна, не може да биде темел на обвинението, емоцијата не е доказ, трагедијата не е вина, правда не се гради врз чувства, туку врз вистината.

Впечатлив е големиот напор на ЈО да ги обвини виновниците за пожарот, што е негово право, но секое негово право во смисла на чл, 39 од ЗКП, начелото на легалитет е ограничено и има граница. За Салиу таа граница се материјалните докази во овој случај. За жал оваа граница према него неосновано и непотребно е пречекорена и доведен во положба да ја брани својата чесност.

За слободата на овие луѓе и за вината на овие луѓе која обвинителот се обидува да ја докаже, тој ќе направи се за да ги огласи виновните виновни, но одбраната треба да направи се она што е возможно да неговиот клиент биде ослободен, нема граници до каде човек може да зборува за слободата на својот клиент.

Обвинението во точка 6 поврзано со точка 1 се темели на претпоставка за институционален молк и пасивност на дирекцијата, тоа едноставно не е така. Дирекцијата не можела свесно да ги затвори очите пред нешто што воопшто не било во нејзините надлежности, бидејќи објектот ПУЛС бил правно и институционално невидлив за неа.

Нели сите учевме дека кривичната одговорност е лична, дека секој одговара за својата вина, не за туѓа. Дали работата на мојот клиент е кривично дело од член 288 од КЗ, сторена со пожар како средство, а пожарот се прикажува и како псоледица на ова кривично дело.

Обвинението е една бркотница од правни поими, последица, средство, тоа не оди така. Ако по заминувањето на Салиу дошол друг директор, па друг, па последниот директор, од каде храброска на обвинението да тврди дека сите тие директори се соизвршители?

Обвинението како што е поставено содржи огромен, надвор од границите пресметан ризик од неуспех на обвинението.

Обвинението тврди дека пожарот е последица на незаконитост поврзано со директорите на ДЗС. Незаконито е тврдењето дека секој директор е виновен затоа што не делувал. Очигледна правна конструкција која не заслужува сериозна анализа.

Тезата дека помеѓу директорите постои соизвршителство едноставно е незаконита. Поради таа незаконитост, директорите на ДЗС не се виновни за дејствијата кои го предизвикале пожарот како елемент на кривичното дело од чл. 288 од КЗ.

Ќе докажеме дека обвинението е без јасна позиција за што го обвинува Шабан Салиу. Прво обвинението е насочено само кон Слаиу, потоа го поврзува со генералниот инспектор, за на крај да се врати на ставот сепак се самостојкни на генералниот инспектор. Ова е суштинска материјална слабост, обвинението не знае кого и за што точно обвинува.

Ќе докажеме дека директорите на ДЗС немаат надлежности да вршат инспекциска служба, инспекцискиот надзор од Засконот за заштита и спасување е надлежност на генералниот инспектор за заштита и спасување. Оваа контрола може да се врши исклучиво над објекти за кои дирекцијата е известена, а истата никогаш не била исвестена за постоењето на објектот ПУЛС.

Ќе докажеме дека обвинението создава колизија кога ќе се спореди статусот на директорот на ДЗС со статусот на директорот на ДПИ, вториот не е опфатен во обв инението, опфатени се само инспекторите во неговиот инспекторат. Зошто се прави разлика меѓу два идентични статуси?

Ќе докажеме дека тезата за евентуална умисла е правно и логички невозможна, Шабан Салиу не можел да биде свесен и да прогнозира дека во март 2025 го Кочани ќе се случи пожар и дека се согласил со тоа.

Петто, ќе докажеме дека според чл. 68 од Закон за заштита и спасување, обврската на ДЗС може да постои само ако објектот ПУЛС бил проектиран и легално изграден и ако ДЗС била информирана за неговото постоење, во спротивно ДЗС нема никаква обврска ниту правна надлежност да постапува. Оттука се исклучува вината на овие обвинети, се бара одговорност таму каде законот не предвидел обврска.

Ќе докажеме дека надзорот кој го врши ДЗС е управен надзор, административна контрола, управниот надзор се разликвува од инспекцискиот наздор, инспекцискиот надзор е оперативен.

Ќе докажеме дека инспекторот е самостоен и независен во рамките на своите овластувања и надлежности. Оваа одредба е пресудна бидејќи јасно регулира дека инспекторот не е подреден на директорот на ДЗС. Ќе докажеме дека директорите на ДЗС немале законска обврска да распоредат инспектор за заштита и спасување во Општина Кочани.

Дури и да постоел инспектор, тоа не би ја променило суштината, за жал, на 16.03.2025 пожарот сепак ќе се случеше, но од причини кои не можат да се поврзат со дирекцијата. Објектот бил непознат во правната и институционалната сфера.

Ќе нагласам дека Шабан Слаиу не бара никаква привилегија, толеранција и милост, бара објективна процена на доказите и правото. Обвинението против него не е кривично дело, дека обвинението против него не може да се поврзе со него и секоја правна анализа на неговата улога оди кон ослободителна пресуда, не само за него туку и сите директори.

Она што го видовме до денес, ако може да се каже дека има нешто добро, тоа е судот пред којшто стоиме, чие мудро постапување до денес претставува силна гаранција за сите кои очекуваат правна разрешница. Се надевам дека и обвинителството ќе понуди идентичен пристап и откако ќе го преиспита основаноста на обвинението ќе ја усогласи својата положба со материјалната страна на обвинението.

Правдата не трпи притисок, таа е врховна вредност, во овој моемнт не е потребно да се врши непотребен и неразбирлив притисок врз неа, истакна првиот бранител по што продолжи бранителот Шенај Османов.

  • Денес е меѓународен ден на човековите права, судот мора д абиде место на вистината, а не на предрасудата. Во пожарот во Пулс животот го загубија 63 млади луѓе, семејствата ги загубија своите деца, градот ја загуби својата иднна, а Македонија своите надежи. Сите се прашуваме кој е виновен?

Одговор мора да има, но вистинскиот одговор мора да биде пронајде во доказите, фактите, индивидуализирана вина, не по потреба за брза казна или политичка сатисфакција.

Шабан Салиу нема никаква врска со трагедијата, постауваме дно прашање. Ако секој што е дел од систем е виновен за неговите постапувања, тогаш кој воопшто ќе остане невин. Дали бараме правда или жртвено јагне? Нема да се врати живот ако невини луѓе бидат осудени. Правдата без вистина е само нова неправда.

Обвинението е големо, со илјадници докази и повеќе сведоци, но основната слабост е дека не е персонализирано обвинениет, туку генерализирано. ЈО мора да покаже што точно сторил Шабан Салиу, кога го сторил.

Денес не бараме сожалување, бараме правилно спроведен закон, наведе вториот бранител.

Шабан Салиу:

Сакам искрено да изразам жалење и да упатам длабоко сочувство до родителите.

По завршувањето на мојот пратенички мандат бев избран за директор на ДЗС, функцијата ја вршев до 2017 година, што значи дека до денот на пожарот во Пулс поминале девет години по завршувањето на мојот мандат. Обвинението ме товари како поранешен директор кој 9 години нема никаква врска со инстутцијата. Обвинет сум со обвинение поднесено поради притисокот на јавноста, заткулисни политички игри.

Обвинението против мене е неосновано, изградено врз претпоставки, правно е недозволено и некоректно обвинението да се заснова на претпоставки без да се има предвид мојата чесност.

Имајќи ги предвид одредбите на ЗОРОДУ, Законот за инспекциски надозр и Законот за заштита и спасување, во никој случај не можат да се поврзат со кривичното дело за кое се товарам.

Републичкиот ЈО на прес-конференција направи невиден преседан, произнесувајќи се дека нема одговорност на директорот на ДПИ, дека одговорност имаат само инспекторите, според таа теза зошто по аналогија не може и за директорите на ДЗС? Обвиенти сум со паушалност на кривично-правни поими.

Обвинет сум за евентуална умисла дека уште во 2012 година сум бил свесен и сум знаел дека ќе се случи настанот на 16 март 2025 година, ова не можела ни баба Ванѓа да го предвиди, а камо ли јас како обичен човек.

Останува на Вас, суде, да веруваме во објективно судење и неселективна правда, не под притиосок на политиката и јавноста, порталите и медиумите, пример за тоа е вчерашната анкетна комисија каде се злоупотребува моето име и мојот статус, дека доаѓам со службена кола што не е точно, тоа го зборува некоја Петрушева и некој пратеник Апасиев.

Секој од обвинетите да си одговара за делата.

Како обвинет очекувам да се постапува согласно стандардо за постоење на основано сомневање и стандардите за пресумпцијата на невиност и загарантирани права на одбраната.

Судот да ги има предвид следниве факти. Во перидоот 2012-2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за согласност или мислење од страна на кабарето ПУСЛ. Во истиор период во ДЗС никогаш не пристигнало барање, пријава или претставка од правни лица кои вршеле надзор, или од физички лица за безбедноста на обејектот.

Тврдењето дека не наредиле инспекциски надзор на територијата на Кочани е паушално тврдење, бидејќи објектот не диското е нелегален, дивоградба, мора да се бара причината за неговото бесправно почнување со работа.

Сопствениците кои отвораат угостителски обејкт се запознаени со минимално-техничките услови кои се поднесуваат до ДПИ. Не постои причинско-последична врска меѓу мојот мандат и пожарот, ДЗС не е детективска служба да пронаоѓа објекти кои се нелегални, кои според мои информации ги има околу 100.000 во нашата држава.

Одговорност имаат институции кои имале обврска да ги обезбедат потребните законски услови за работење на кабарето. Јас не сум знаел за објектот, затоа не може да постои вина на страна на директорите на ДЗС.

Ќе докажам дека со обвинението постои повреда на уставниот принцип на еднаквост на субјектите пред законите и уставот. Во идентични ситуации други директори на други институции не се гонат, а јас сум единствениот обвинет заедно со тројцата директори на ДЗС по мене.

Доколку обвинителот не го повлече обвинението, судот да донесе ослободителна пресуда.

Целиот мој живот го посветив на институциите, на државата, јавниот инстерес, не сум бил казнет никогаш, работев чесно и одговорно во интерес на граѓаните на РСМ. Да бидам обвинет е болка која тешко се носи, но верувам дека судот ќе одлучи правично, а јас ќе докажам дека не сум виновен, обвинението е незаконско за да бидам тенденциозно и незаконски осуден за кривично дело кое не постои и за да на мене и моето семејство ни се причини огромна штета.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Салиу за мајка на починато дете во…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Продолжува судењето за „Пулс“: Градежниот инспектор Георгиев…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Мајка на жртва од „Пулс“: Борбата за…

Марија Петрушова, мајка на една од жртвите…

Комисијата за човекови права денеска ќе ја…

Во Собранието денеска ќе се одржи седница…

„Дали судницата се претвори во Струшки вечери…

Родителите и блиските на загинатите во дискотеката…