Македонија пред финансиски колапс со историски највисоко ниво на долг

t

Во настапите на министерката за финансии во изминатите денови наместо објаснување на трагичната финансиска состојба на државата, гледаме внимателно конструиран ПР наратив чија цел е да ја манипулира јавноста. Економски апсурдна е тезата што таа ја застапува во јавноста дека поголемото задолжување не значи поголем јавен долг.

Во јавните финансии нема филозофија, туку проста математика, јавниот долг е збир на сите претходни обврски плус новите задолжувања, минус отплатите. Кога новото задолжување е поголемо од отплатите, долгот расте. Во 2026 година државата зема една милијарда евра нов долг, а враќа 893 милиони. Тоа е чисто, неспорно зголемување на јавниот долг од најмалку 107 милиони евра.

Обидот ова да се претстави како „низок ефект врз јавниот долг“ е класична манипулација. Нема економска логика со која задолжување од една милијарда може да се прикаже како тековна работа. Тоа што за прв пат ќе се враќаат старите долгови не за 3 туку за 5 години, значи и дека долгот станува поголем поради повеќе камата која ќе треба да се плаќа.

Уште поалармантна е бројката што самата министерката ја соопшти, а потоа се обиде да ја релативизира. Во наредните пет години државата треба да врати 8,804 милијарди евра, ова е официјален податок од Министерството за финансии. За македонската економија тоа значи во просек по 1,76 милијарди евра годишно. Тоа е двоцифрен процент од бруто-домашниот производ секоја година, само за сервисирање на долгови. Таква концентрација на обврски Македонија никогаш немала. Директно и свесно лажење на јавноста е да се тврди дека ова не е историски највисоко ниво на долг.

Издавањето на нова еврообврзница со рок од четири и осум години не го решава проблемот, туку само го одложува. Обврската останува, долгот останува, а цената расте преку повисоки камати.

Посебно лицемерно звучи повикувањето на „одговорност кон идните генерации“. Вистинска одговорност значи да се намалува долгот, а не да се зголемува и одложува за да биде поголем товар за некоја идна влада. Рефинансирањето е техничка операција, не реформа. Кога земате нов заем за да вратите стар, без да ја намалите главнината, вие не ја штитите иднината на граѓаните, туку ги задолжувате уште повеќе. Нема збор за примарни суфицити, нема план за суштинско намалување на дефицитот, нема стратегија за реално намалување на односот меѓу долгот и БДП.

Најголемиот удар врз кредибилитетот доаѓа кога министерката прво тврди дека не е можно „за шест месеци да се појават уште две милијарди долг“, а потоа во ист здив признава дека станува збор за кредити договорени уште во 2018 и 2019 година кои демек сега се активираат. Минатата година оваа иста влада не го знаеше ова или го криеше за да штима буџетски проценки?

Кога сето ова ќе се стави во контекст на континуираниот буџетски дефицит, сликата станува целосна. Државата истовремено троши повеќе отколку што прибира и дополнително рекордер е во задолжување. Тоа не е стабилна фискална рамка, туку школски пример на должничка спирала и неодговорна неспособна власт.

На крајот, вистината е едноставна и не може да се скрие зад технички термини. Јавниот долг расте, а обврските кои ни ги накалеми оваа влада се историски највисоки за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија пред финансиски колапс со историски највисоко…

Во настапите на министерката за финансии во…

Ристо Никовски контра Муцунски: Македонија нема никакви…

Одлуката на САД да ја замрзнат обработката…

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

(Видео) Министерката за надворешни работи на Гренланд…

Гренландската министерка за надворешни работи, Вивијан Мотцфелд,…

Претресите од акцијата на ОЈО ГОКК сè…

Претресите во рамките на акцијата на Основното…