Изјавата на Арагчи за отворањето на Ормускиот теснец е лоша и нецелосна, тврдат ирански медиуми
Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на огнот во Либан преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е „целосно отворен“, беше критикувана денес од иранските медиуми, наведувајќи дека неговата изјава е „лоша и нецелосна“.
„Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута што веќе ја објави Организацијата за пристаништа и поморски работи на Исламската Република Иран“, рече Арагчи во објава на платформата „Икс“, која, според написите во светските медиуми, беше претежно негативно коментирана од иранските медиуми.
Иранската државна телевизија повеќе се фокусираше на неговата изјава за „координираните рути“ и во голема мера го игнорираше делот дека преминот за сите комерцијални бродови низ теснецот е „целосно отворен“ за преостанатиот период на прекин на огнот.
Новинската агенција „Тасним“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, објави дека објавата е „лоша и нецелосна“ и дека одлуката за таков премин ќе се смета за „ништовна“ доколку американската поморска блокада на иранските пристаништа продолжи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изјавата на Арагчи за отворањето на Ормускиот…
Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи,…
Маѓар: Се уништуваат документи од владата во…
Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која…
Хавана: Не сакаме војна со САД, но…
Куба не сака војна со Соединетите Американски…
Јаневска: Прифатени се забелешките дека не може…
Новиот закон за високо образование не ја…
Косовското собрание одлучи да испрати безбедносни сили…
Косовското собрание одлучи да ги испрати Косовските…