Aгатангел, Костов, Клетников и цел Македонски манифест му одговорија на Штајнмајер: Во македонско-бугарскиот спор вие ја одбравте страната на фашизмот

t

Јавна објава на Македонски манифест по повод посетата на германскиот претседател Штајнмајер на Република Македонија.

ВО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИОТ СПОР ВИЕ ЈА ОДБРАВТЕ СТРАНАТА НА ФАШИЗМОТ

Да не ве буни овој жесток ама par excellаnce дијагностички наслов, г-дине Штајнмајер, кој е карактеристичен за модерната европска психологија, посебно од аспект на македоското мачно искуство со Европа, а кое како такво го нема доживеано ни еден друг народ во неа. Слично писмо му пишуваве и на германскиот премиер Шулц, кој беше исото така како притискач неоддамна кај нас.

Македонија, г-дине Штајнмајер, е безмилосно ништена од ариевските супрематистички, колонизаторски нации на Европа посебно интензивно почнувајќи од Берлинскиот конгрес 1878, па преку Букурешкиот договор 1913 за крваво европско парчосување на живиот македонски организам сѐ до денес. Од тогаш наваму, еве речиси веќе столетие и половина Македонците го врват патот кон Европа, Вавилонската блудница како што ја дефинираа тие, распнати како што беше тоа Исус на Голгота распнат не од Евреите туку од римските војници чии наследници сте денес вие, наследници на жестоката римска цивилизација во која не се знае дали преовладува културата или варварството. Оти нејзината варварска слика е најдобро представена во сликата на римскиот колосеум во кој се фрлаа робовите во устата на ѕверовите, така како што се фрлаат денес пред нив како жртви Македонците, сега подарени од евроцентралата во Брисел на двете балкански хиени Грција и Бугарија. Да, г-дине Претседателе, оти и двата тие нацифашистички документи подготвени во Менгелеовата (се сеќавата на Менгел?) лабораторија на Брисел се документи за идентитетска смрт на Македонците, за нивно целосно и на божем софистициран варварски начин обезличување. Оти со насилничкото преименување Вие од нацистичка ариевска Европа ни ја отсековте идентитеската глава како што го стори тоа Ирод со главата на Јован Крстител аналоген близнак на македонската судбина. И со македонската глава така сега, како Саломе со главата на светителот, танцува Европа во улугата на перверзната поќерка на суровиот еврејски цар.

Со други зборови речено, г-дине Штајнмајер, за столетие и кусур Европа се измори од физичкото ништење на Македонците кои не се доуништуваат, па сега го измисли идентитетскиот геноцид, кој нѐ и е нејзе непознат во нејзината колонијалистичка историја по белиот свет. А идентитетскакта смрт, сигурно ви е познато, и според мислењето на антрополозите е најстрашната од сите видови на смрт.

Случајот на Македонија и Македонците на тој план е соодветен куриозитет, затоа што по долгите историски пљачкашки авантури на Европа ширум светот и разните нејзини етноциди, културоциди и геноциди таа за прв пат во својата историја изведува една голема геноцидна идентитетска операција на своја почва врз еден цел народ – Македонскиот. Парадоксот тука е и во тоа што Вие од Брисел не се задоволивте со лишување на Македонците од нивното генерично име, продавајќи им го без срам на Грците, туку, несигурни дека тие се до крај идентитетски ликвидирани, посегнавте брутално и кон нивна бугаризација. За тоа се послуживте со исто така нацифашистичкиот предлог на Макрон, кој со тоа целосно ги осрамоти и урна идеалите на француското просветителство. А вие г-дине Штајнмајер се приклучувате кон тој срамен предлог на Макрон па дојдовте во Македонија да ја притискате нашата квислиншка европолтронска влада за внесување на Бугарите во уставот.

Добро, ама зошто не појдовте и во Софија, блиску е, да ги притиснете нив да ги внесат многубројните Македонци таму во нивниот устав. А? Патем да ве потсетиме дека европскиот суд за човекови права во Стразбург има донесено 16 пресуди за тоа, но вие се правдате дека бриселска ЕУ нема механизам да ги реализира тие пресуди. Добро, а како има тогаш механизам до последниот атом да ја притиска, толчи и идентитетски ликвидира Македонија? Поточно само Македонците во неа. Притоа според логиката на нештата јасно е дека Вие супрематистите, ариевците од Брисел меѓу фашистичка Бугарија (оти и нивната денешна политика е таква) и антифашистичката Македонија и Македонци ја одбравте фашистичка Бугарија. Вие ја браните нејзината фашистичка позиција во македонско-бугарскиот спор. Јасно како ден, и затоа ние Македонците се слагаме со Џани Инфантино, кој во Катар го критикуваше расизмот на Европа и рече дека таа треба следните три илјади години да му се извинува на светот за сите злосторства што ги правела како лаком колонизатор низ него. Па и Германците, колку години треба да му се извинуваат на светот за нивниот фашизам? Болно, ама реално прашање г-дине претседател. Оти да Ве потсетиме на изјавата на сјајниот германски писател и хуманист Томасо Ман, од кого сте далеку Вие и Шулц, дека „Хитлер е победен, но не и фашизмот“.

Днешната идентитетска ликвидација на Македонците ја илустрира par excellаnce и потврдува таа негова изјава. Па и К.Г.Јунг таткото на аналитичката психологија, швајцарски Германец во еден свој есеј, како зналец на колективната психологија, се обиде да ја анализира германската психа, откривајќи ја сенката, темната страна на нејзината душа. Дали таа сенка е сеуште присутна во неа, или исчезнала по Хитлер? Може ли тука да даде некаков договор Вашата посета на Македонија и притисокот на квислиншката влада да го промени уставот и да ги внесе Бугарите во него? Вие размислите за оваа прашање и на прашањето зошто вршите притисок врз Македонците антифашисти, а ја поддржувате фашистичката бугарска политика кон нив.

Толку од нас г-дине Штајнмајер, колку да знаете дека ако се мали Македонците не се и глупави. Тие не ги поседуваат мозокот и „интелигенцијата“ на квислиншката изродничка северна влада, на Ковачевски, Пендаровски и сличните, со која Вие соработувате за целосна ликвидација на овој смачкан народ.

Ве поздравуваме и Ви посакуваме добро здравје г-дине претседател. Сфатите дека ги сакакме Германците од типот на Ман, Гете, Бетовен, Шилер, Брехт и ним сличните космополитски, не ариевски и широко светски и хуманистички умови во кои за жал неможеме да ве вброиме ни Вас, ни Шулц, ни Меркел, ни …

Смрт или слобода; Смрт на фашизмот слобода на народот; Пролетени од сите земји соединете се.

За МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ:

Ефтим Клетников – поет

Агатангел/Станковски – митрополит повардарски

Проф. Стојан Стојков – композитор

Проф. Запро Запров – диригент

Дардан Венетски – правник

Проф. д-р Цветан Гавровски – инженер

Проф. д-р Слободан Пренџов – инженер

Проф. д-р Наташа Котлар – историчар

Алдо Климан – писател

Фима Клетникова – поетеса

Сотир Костов – правник

Александар Русјаков – писател

Проф. д-р Нестор Огинар – филолог

Проф. д-р Милица Огинар – филолог

Лиле Ниноска Соколова – историчар

М-р Марија Светиева – академски сликар

М-р Емилија Алексовска – адвокат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од вечерва започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува ноќеска во…

Денеска се празнува Светиот апостол Аристовул

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на светиот…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора…

Поранешниот директор на Полициската управа на Црна…

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер…

Жена од Скопје вчера пријавила во полиција…