Aлбанците се 35, а Бугарите во Македонија се 15 проценти – еве што вели познат албански политичар за бројките од пописот

t

„Остана уште малку време до објавувањето на официјалните резултати од пописот на населението во Македонија. Како што се зборува, резултатот нема да биде задоволителен заАлбанците, бидејќи мнозина од нив одбиле да се попишат како жители на Македонија и ова ќе го намали реалниот резултат за Албанците во земјата.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА, а пренесува Експрес.

ИНА пишува: „Од друга страна, многу домашни аналитичари и во регионот велат дека Албанците ќе бидат со повеќе од 35 проценти во структурата на населението, иако политиката отсекогаш имала рака на реалната бројка.“

„Поранешниот политичар Ружди Матоши предвидува дека во Македонија живеат 35 проценти Албанци, 40 отсто Македонци, 15 отсто Бугари и 10 отсто други малцинства, пренесува ТС. Според Матоши, опаѓа бројот на Македонците и се зголемува бројот на Бугариоте и Албанците. Според многу познавачи на ова прашање реалност е дека бројот на Албанците е видно поголем од 20 отсто, колку што стои во Уставот на Македонија.“

„Само предвидување е … Македонци 40%, Албанци 35 %, Бугари 15 % и малцинства 10%.“
„Попис во с.Македонија’ – напиша Ружди Матоши на неговиот фејсбук-профил.“

Инаку, во ова „предвидување“ паѓа во очи дека Македонците, Албанците и Бугарите Матоши ги навел со ист статус, дополнувајќи и претпоставка за „малцинствата“. Дали ова значи и негова претпоставка дека и Албанците и Бугарите ќе здобијат ист статус како Македонците – државотворен народ“, со навестените измени во Уставот на с.Македонија? Тоа веќе го побараа одделни универзитетски професори-Албанци и одделни други претставници на албанската етничка заедница во Македонија.

Преведено од Експрес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зајкова: Пенов имаше успешни проекти за Скопје,…

Ристо Пенов никогаш не се оддалечил од…

(Видео) Мобилизираните руски регрути учат да пукаат…

Мобилизираните граѓани поминуваат обука за модерна борбена…

Рамнодушноста ја убива демократијата: Зошто наместо функционална,…

Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(6.) Политичка…

Скандал – “Кој сака нека им врти”:…

Броевите на мобилните телефони на британската премиерка…

Думата утре ќе пресече: Новите ентитети ќе…

Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и…